| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Бајден ќе воспостави пристаниште за хуманитарна помош во Газа
Пристаништето може да прими големи бродови кои носат храна, вода, лекови и привремени засолништа, изјави висок функционер за време на брифингот. САД ќе работат во партнерство со истомисленици и хуманитарни партнери, рече официјален претставник
Бајден ќе воспостави пристаниште за хуманитарна помош во Газа
Бајден ќе најави формирање на ново хуманитарно пристаниште за помош во Газа / Фото: АА / Photo: AA / AA

Американскиот претседател Џо Бајден за време на неговото обраќање за состојбата на Унијата ќе објави дека ја упатил војската на итна мисија да основа пристаниште во Појасот Газа за прием на хуманитарна помош во палестинската енклава, пренесуваат американски официјални лица.

Пристаништето може да прими големи бродови кои носат храна, вода, лекови и привремени засолништа, изјави висок функционер за време на брифингот. САД ќе работат во партнерство со истомисленици и хуманитарни партнери, рече друг официјален претставник.

Пристаништето е привремено и ќе обезбеди капацитет за стотици дополнителни камиони со помош.

„Ќе се координираме со Израелците за безбедносните барања на копно и ќе работиме со ОН и хуманитарните невладини организации за дистрибуција на помош во Газа“, рече претставникот.

САД не планираат операција за која би биле потребни американски војници на теренот.

Официјалниот претставник рече дека САД сакаат да видат привремен прекин на огнот за да се задоволат итните потреби на цивилното население во Газа и да им овозможат на хуманитарните партнери безбедно да дистрибуираат помош за спасување низ целата енклава.

„Патот до прекин на огнот е јасен. Денеска може да има најмалку шестнеделен прекин на огнот доколку Хамас се согласи да ослободи дефинирана категорија ранливи заложници, вклучувајќи жени, постари, болни и ранети“, открива официјален извор од САД.

САД од минатата недела извршија три воздушни исфрлања на хуманитарна помош во Газа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израел повторно предупредува за напади во Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Куршад Зорлу потпретседателот на АК Партија е во посета на Северна Македонија
Туркије и Канада започнаа преговори за договор за слободна трговија
Спасен екипажот на американскиот воен хеликоптер кој се сруши близу Ормутскиот Теснец
Трамп: Продолжуваат преговорите со Иран, можен договор за неколку дена
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел