| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Динамо го победи ПАОК, убедлив триумф на Фенербахче во Брисел
Дербито меѓу Ајакс и Астон Вила заврши без победник, Олимпијакос им приреди непријатно изненадување на своите навивачи откако Макаби од Тел-Авив во Пиреја славеше со 1:4, а Лил со триумфот во Грац со 3:0 го реши прашањето за пласман во четвртфиналето
Динамо го победи ПАОК, убедлив триумф на Фенербахче во Брисел
Фенербахче со головите на Батшуаји, Остерволде и Тадиќ го победи Унион СГ / Photo: AA / AA

Во рамките на Лигата на Конференции вчера се одиграа првите осминафинални натпревари во кои за одбележување е победата на Динамо Загреб против Паок.

Динамо на Максимир славеше со резултат 2:0, а двата гола за домашната екипа ги постигна Бруно Петковиќ, во 37. и 71. минута од натпреварот.

Голема победа остварија Фудбалерите на Фенербахче, кои славеа со 3:0 на гостувањето кај Унион СГ во Брисел.

Фудбалерите предводени од Исмаил Картал поведоа во 20. минута со голот на Батшуаји.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко влезе во игра во 78. минута наместо Батшуаји, а во 84. Минута му асистираше на Остерволде за 0:2.

Во судиското надополнување, по асистенција на ВАР беше досуден пенал, откако еден од домашните фудбалери играше со рака во шеснаесетникот. Душан Тадиќ беше прецизен од белата точка поставувајќи ги конечните 0:3.

Ајакс ја пречека Астон Вила во Амстердам, а натпреварот заврши без голови. Гостите финалето го завршија без стоперот Конса, кој заработи втор жолт картон во 83. минута, а три минути подоцна беше исклучен и играчот на Ајакс, Тристан Гујер.

Лил со триумфот во Грац со 3:0 го реши прашањето за пласман во четвртфиналето, а Олимпијакос им приреди непријатно изненадување на своите навивачи. Макаби од Тел-Авив во Пиреја славеше со 1:4.

Молде оствари минимална предност против Клуб Бриж со победата од 2:1.

Макаби Хаифа и Фиорентина им приредија вистински голијада на гледачите во Будимпешта која е „домаќин“ на Израелците. Славеа гостите со 3:4 со голот на Барак во петтата минута од судиското надополнување.

На мечот меѓу Сервет и Викторија Плзен немаше голови.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Кинескиот претседател Си вети дека ќе ги прошири односите со Северна Кореја
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација
Израел детектира нова серија истрелани ирански ракети
Нетанјаху ќе го свика безбедносниот кабинет по обновените напади
Курти повторно победи на вонредните избори во Косово
Ирански петрохемиски објект погоден во израелски воздушен напад
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ