| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Жените ширум светот го слават 8 март, а Палестинките се борат за опстанок
Блокадата и нападите извршени од Израел од 7 октомври минатата година на Појасот Газа ги принудија сите Палестинци, особено жените, да се борат со тешки услови за да преживеат
Жените ширум светот го слават 8 март, а Палестинките се борат за опстанок
Палестинските жени се обидуваат да го продолжат својот живот со болката поради губењето на најблиските / Photo: AA / AA

Во светот денеска се слави 8 март, Меѓународниот ден на жената. Додека жените ширум светот го слават својот ден, Палестинките во Појасот Газа се борат за опстанок.

Блокадата и нападите извршени од Израел од 7 октомври минатата година на Појасот Газа ги принудија сите Палестинци, особено жените, да се борат со тешки услови за да преживеат.

Додека светот го слави 8 март, Меѓународниот ден на жената, палестинските жени се обидуваат да го продолжат својот живот со болката поради губењето на најблиските.

Палестинката СафаСалах (24) роди девојче по тешко породување, ноќта кога израелската војска на 12 февруари изврши воздушен и копнен напад врз градот Рафах, во кој загинаа десетици Палестинци.

Салах, која се засолни во градот Рафак од бегалскиот камп Џабалија, се бори да ја одгледа својата ќерка, на која ѝ го даде името Ватин.

Меѓународниот ден на жената за прв пат беше прославен на 28 февруари 1909 година во Соединетите Американски Држави врз основа на Декларацијата усвоена од Социјалистичката партија на таа земја.

Од 1975 година, Обединетите нации официјално го слават 8 март како Меѓународен ден на жената.

Меѓународниот ден на жената е исто така можност да се истакне насилството врз жените, родовата нееднаквост и да се побараат поголеми права за жените во земјите каде што тоа не е случај. На овој ден често се организираат протестни прошетки преку кои жените, но и борците за човекови права воопшто, ја продолжуваат својата борба за еманципација.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Куршад Зорлу потпретседателот на АК Партија е во посета на Северна Македонија
Туркије и Канада започнаа преговори за договор за слободна трговија
Спасен екипажот на американскиот воен хеликоптер кој се сруши близу Ормутскиот Теснец
Трамп: Продолжуваат преговорите со Иран, можен договор за неколку дена
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел
Израел ќе ги прекине нападите врз Иран по барање на Трамп, но продолжува со операциите во Либан
БиХ и Хрватска потпишаа договор за граничните премини