| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Емине Ердоган: Жените се темел на траен мир и поправеден свет
Гледаме на иднината со надеж благодарение на секој чекор што жените го прават со голема решителност, но и со секоја надмината пречка, напиша Емине Ердоган на социјалните мрежи, честитајќи го 8 Март, Меѓународниот ден на жената
Емине Ердоган: Жените се темел на траен мир и поправеден свет
Емине Ердоган истакна дека жената има важна улога на сите полиња / Photo: AA / AA

Емине Ердоган, сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на сите жени во светот им го честиташе 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Емине Ердоган на социјалните мрежи истакна дека жената има важна улога на сите полиња.

„Жените кои влеваат надеж во општеството и оставаат трага на сите полиња се основата на траен и одржлив мир и поправеден свет. Ние гледаме на иднината со надеж благодарение на секој чекор што жените го прават со голема решителност, но и со секоја надмината пречка. На сите жени кои ги предводат промените трансформацијата со сето мое срце им честитам Меѓународниот ден на жената“, рече Ердоган.

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената, како дел од борбата за економска, политичка и социјална еднаквост меѓу жените и мажите.

Меѓународниот ден на жената за прв пат беше прославен на 28 февруари 1909 година во Соединетите Американски Држави врз основа на Декларацијата усвоена од Социјалистичката партија на САД.

Од 1975 година, Обединетите нации (ОН) официјално го слават 8 март како Меѓународен ден на жената.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван