| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Медиуми: Израел со војна му се заканил на Либан ако нема договор до 15 март
Весникот „Ал-Ахбар“ наведува дека Тел Авив им кажал на посредниците дека ќе влезе во целосна војна во Либан доколку до 15 март не биде постигнат договор за протерување на Хезболах од израелско-либанската граница
Медиуми: Израел со војна му се заканил на Либан ако нема договор до 15 март
Засега нема коментар од Хезболах или од либанските власти / Photo: AA / AA

Повикувајќи се на неименувани извори, локалните либански медиуми јавуваат дека Израел го одредил 15 март како краен рок за политичко решение со Либан или актуелните гранични конфликти со Хезболах ќе прераснат во војна.

Весникот „Ал-Ахбар“ наведува дека Тел Авив им кажал на посредниците дека ќе влезе во целосна војна во Либан доколку до 15 март не биде постигнат договор за протерување на Хезболах од израелско-либанската граница.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вчера му рекол на американскиот специјален пратеник Амос Хохштајн дека прекуграничните судири со Хезболах може да го доближат Израел до одлука за воена акција во Либан.

Весникот „Ал-Ахбар“ пишува дека Хохштајн не верува дека прекуграничните конфликти меѓу Либан и Израел може да се запрат пред да се постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Хохштајн во понеделникот рече дека прекинот на огнот во Појасот Газа не мора да ги запре прекуграничните судири меѓу израелската војска и Хезболах.

За овој медиумски извештај нема коментар од Хезболах или од либанските власти.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Туск ги призна тензиите со украинските бегалци во Полска
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Нетанјаху: Израел мора да „се ослободи од зависноста“ по тензиите со администрацијата на Трамп
Рекордни температури ѝ се закануваат на Шпанија, додека топлотна купола ја зафаќа Европа
Уралоглу: 11 турски бродови безбедно го напуштија Персискиот Залив преку Ормускиот Теснец
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори