| Macedonian
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
Аортата доби статус на посебен орган во човековото тело
Клиничкиот процес за многу од лицата кои се лекуваат од аортна болест веројатно ќе биде различен, досега беше вообичаено болестите на аортата да се третираат или со кардиохирургија или со васкуларна хирургија, во зависност од видот и локацијата
Аортата доби статус на посебен орган во човековото тело
Аортата, кoja e најголемата артерија во телото, е одговорна за транспорт на крв богата со кислород од срцето до телото / Photo: Reuters / Reuters

Аортата, главната и најголемата крвна артерија, која носи крв од срцето до остатокот од телото, доби посебна чест во медицинскиот свет - таа е препознаена како посебен човечки орган.

„Тоа е голем чекор. Препознавањето на аортата како орган ја става на исто ниво со другите органи, срцето, белите дробови и мозокот“, вели Мартин Черни од Универзитетската болница во Фрајбург во Германија.

Новиот статус на органот важи во земјите од Европската унија и САД, откако како таков беше дефиниран во упатствата на Европската асоцијација за кардиоторакална хирургија (EACTS) и Американското здружение на торакални хирурзи (СТС).

Оваа одлука ќе направи разлика и за пациентите, бидејќи клиничкиот процес за многу од нив кои се лекуваат од аортна болест веројатно ќе биде различен и, се надеваме, пооптимален од сега па натаму.

Досега беше вообичаено болестите на аортата да се третираат или со кардиохирургија или со васкуларна хирургија, во зависност од видот и локацијата.

„Новите упатства јасно препорачуваат третман на аортата како дел од посебна медицинска област. Треба да се поврзе со други слични области на медицината“, објасни Черни, директор на Болницата за кардиоваскуларна хирургија во Германија.

Сето тоа ќе го подобри лекувањето на руптури на аортата и други сериозни болести, додаде Черни. Аортата е одговорна за транспорт на крв богата со кислород од срцето до телото.

Овој голем крвен сад е најголемата артерија во телото и се протега од левата комора до садовите во карличната област. Исто така, има значајна улога во регулирањето на крвниот притисок и брзината на протокот на крв.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел
Израел ќе ги прекине нападите врз Иран по барање на Трамп, но продолжува со операциите во Либан
БиХ и Хрватска потпишаа договор за граничните премини
Партијата на ерменскиот премиер Пашинјан оствари убедлива победа на изборите
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува