Ателје „Арт терапија“: Место каде уметноста е поттик и лек
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ателје „Арт терапија“: Место каде уметноста е поттик и лекКако што и самиот вели, тој е производ на арт терапијата и тоа било главна причина да ја понуди на сите на кои им е потребна со. Па за таа цел во „Арт терапија“ се организираат работилници за лица над 12 години
Ателје „Арт терапија“: Место каде уметноста е поттик и лек / Photo: ТРТ Балкан мк / ТРТ Балкан МК

Томислав Димитровски - Томас е човек кој живее со уметноста и успешно ја развива со текот на годините. Основач е на ателјето „Арт терапија“, место каде уметноста е лек и поттик за развивање на креативност но и за будење на сликарскиот дух.

Како што и самиот вели, тој е производ на арт терапијата и тоа било главна причина да ја понуди на сите на кои им е потребна со цел да ги разбистрат мислите и да се пронајдат себеси. Па за таа цел во „Арт терапија“ се организираат работилници за лица над 12 години во кои преку различни и автентични методи се создаваат уметнички дела.

„Во моето ателје се нуди опуштање од 100 минути, време каде што со малку џез и блуз музика и тотална тишина без телефони ствараме и се учиме да ја разбудиме креативноста. “, вели Томас во изјава за ТРТ Балкан.

Како што ни откри Томас, секој од учесниците на работилницата добива материјали од ателјето и негова единствена задача е да се препушти на уметничкиот и креативен дух каде од една точка ќе создаде цела слика која на крајаот останува за него.

„Во суштина не се само моите часови важни. Потребно е учесниците кога ќе завршат со работилницата да продолжат да цртаат дома, посебно кога ќе дојдат до момент да се нервираат или да имаат некаков неспокој. Токму во тие моменти битно е да извадат ливче да земат пенкало и да почнат да шкртаат или да стават некоја боја за да се опуштат“, додава Томас.

Според него, ваквиот пристап помага во подобрување на фокусот и растеретување на мислите кои постојано се вртат во човековите глави.

Инаку Томас, долго време се занимава со уметност. Тој е текстилен инженер и моден дизајнер кој во изминатите години успеал да остави трајни белези во уметноста. Неговите слики кои се дел од ателјето „Арт терапија“ имаат посебен идентитет и раскажуваат разни приказни полни со емоции.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД