| Macedonian
Птиците и инсектите би можеле да бидат замена за пестицидите
Научниците од Бразил, САД и Чешка откриле дека птиците, пајаците и бубачките помогнале да се намали популацијата на штетници за повеќе од 70 проценти додека ги зголемиле приносите на културите за 25 проценти
Птиците и инсектите би можеле да бидат замена за пестицидите
Штетниците се одговорни за околу 10 проценти од загубите на земјоделските култури секоја година / Photo: AA / AA
9 март 2024

Природните предатори, како што се птиците и инсектите, би можеле да бидат ефикасна алтернатива на пестицидите, намалувајќи ја популацијата на штетници кои ги голтаат земјоделските култури и истовремено зголемувајќи ги приносите, објавија научниците во средата.

Штетниците се одговорни за околу 10 проценти од загубите на земјоделските култури секоја година, но нивната контрола се врши преку широка употреба на хемиски пестициди.

Дали птиците, пајаците и бубачките можат да ја завршат работата како и пестицидите?

Научниците од Бразил, САД и Чешка ги анализираа претходните истражувања за контрола на штетници со користење на овие предатори и открија дека тие помогнале да се намали популацијата на штетници за повеќе од 70 проценти додека ги зголемиле приносите на културите за 25 проценти.

„Природните предатори се добри за контрола на штетници, а нивното одржување е клучно за да се обезбеди контрола на штетниците во иднина со оглед на неизбежните климатски промени“, изјави за АФП водечкиот автор на студијата Габриел Болдорини, докторант на Федералниот рурален универзитет во Пернамбуко во Бразил.

Иако научниците „директно не ја споредиле ефикасноста на овие предаторски безрбетници против пестицидите“, рече тој, штетата што пестицидите ја предизвикуваат на екосистемите и биолошката контрола е добро документирана, од губење на биолошката разновидност и загадување на водата и почвата до ризици по здравјето на луѓето.

Научниците открија дека предаторите биле поефикасни во контролирањето на штетниците во регионите со поголема варијабилност на врнежите, што се очекува да се зголеми поради климатските промени.

Научниците исто така беа изненадени кога открија дека имањето еден вид природен предатор е исто толку ефикасно како и повеќе видови, рече Болдорини.

„Општо земено, колку повеќе видови има, толку подобро функционираат екосистемите. Но постојат исклучоци“, рече тој, додавајќи дека само еден вид може да ја заврши работата исто толку добро.

Климатските промени и зголемувањето на нивото на јаглерод диоксид влијаат и на приносите на културите и на динамиката на ширење на штетниците со зголемување на нивната стапка на преживување.

Во меѓувреме, други студии покажаа дека заедниците на безрбетници, од витално значење за здравјето на екосистемот, брзо се намалуваат на глобално ниво.

Болдорини рече дека зачувувањето на безрбетниците гарантира контрола на штетницте и зголемена продуктивност, без оштетување на екосистемите.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири