Путин го назначи Сергеј Вершинин за нов руски амбасадор воТуркије
Назначувањето на рускиот заменик – министер за амбасадор во Туркије доаѓа пет месеци откако претходниот амбасадор Алексеј Јерхов беше назначен за амбасадор во Ташкент.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го назначи заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Вершинин за нов амбасадор на земјата во Туркије.
Разрешувањето на Вершинин од функцијата заменик-министер за надворешни работи и неговото последователно назначување за руски амбасадор беше официјализирано со претседателски декрети објавени на порталот на руската влада.
Неговото назначување доаѓа пет месеци откако поранешниот амбасадор во Туркије Алексеј Јерхов беше назначен за амбасадор во Ташкент со претседателски декрет на 5 септември. Дипломатската мисија на Русија во Анкара оттогаш ја водеше вршителот на должноста амбасадор Алексеј Иванов.
Со посебен декрет, Путин го назначи рускиот амбасадор во Египет, Георги Борисенко, за заменик-министер за надворешни работи.
Роден во 1954 година, Вершинин дипломирал на Московскиот државен институт за меѓународни односи во 1976 година и на Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи во 1991 година.
Тој имал различни позиции во руските дипломатски мисии во Мароко, Алжир и Тунис, служејќи како амбасадор во Алжир од 1999 до 2003 година.
Од 2004 година, тој имал различни позиции во Министерството за надворешни работи, а исто така бил и заменик-министер за надворешни работи од 2018 година до неговото неодамнешно назначување.