| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије и САД ја нагласија важноста за ставање крај на судирите во Газа
Туркије и САД ја нагласија важноста за изнаоѓање на начин за ставање крај на судирите во Газа и итно надминување на хуманитарната криза, соопшти турското МНР по состанокот на министерот Хакан Фидан и неговиот американски колега Ентони Блинкен
Туркије и САД ја нагласија важноста за ставање крај на судирите во Газа
Во Вашингтон се одржа седмиот состанок на Американско-турскиот стратешки механизам / Photo: AA / AA

Туркије и САД се согласија околу изнаоѓањето начини за ставање крај на судирите во Газа, соопшти турското МНР вчера по седмиот состанок на Американско-турскиот стратешки механизам што се одржа во Вашингтон.

„Туркије и САД во заедничка изјава ја нагласија важноста за изнаоѓање на начин за ставање крај на судирите во Газа и итно надминување на хуманитарната криза“, се вели во соопштението турското МНР објавено по состанокот на министерот Хакан Фидан и неговиот американски колега Ентони Блинкен.

Во соопштението, исто така, се додава дека двете земји повторно започнале консултации во врска со борбата против тероризмот за да „ја прошират соработката против тероризмот кој ја загрозува безбедноста на двете земји“.

„Туркије и САД најавија дека ќе ги искористат можностите за унапредување на соработката во одбранбената индустрија“, се вели во соопштението.

Се истакнува дека Туркије и САД ја потврдиле важноста за развој на билатералните форуми за подобрување и продлабочување на економската соработка.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Катарскиот премиер: Аспиративен план за инвестициски фонд за Иран од 300 милијарди долари
Околу 68.000 домаќинства останаа без струја во западна Франција поради екстремна топлина
Тензии во Перу: Санчез тврди дека имало изборна измама
Трамп нареди истрага на Министерството за правда за нафтените компании поради цените на бензинот
Шефот на владејачката партија на Јужна Кореја поднесе оставка пред трката за лидер
Ли Ќијанг: Иновациите и соработката во фокус на Летниот форум во Давос
Двајца Палестинци убиени во последните израелски напади врз Газа
Трамп: Иран греши што негира дека се враќаат нуклеарните инспектори
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%