| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израелски генерал без одобрение наредил разнесување на универзитет во Газа
Тоа што израелските сили на 18 јануари по наредба на бригадниот генерал Барак Хирам го кренале во воздух универзитетот Ал-Исра беше доволно генералот да добие опомена.
Израелски генерал без одобрение наредил разнесување на универзитет во Газа
Израелските сили по наредба на Хирам го разнеле универзитетот кој претходно го користеле како воен штаб / Photo: AA / AA

Израелската армија денеска изрече официјална опомена за својот бригаден генерал Барак Хирам за кревање во воздух на Универзитетот Ал-Исра во северниот дел на Појасот Газа без претходно одобрение од неговите претпоставени.

По наредба на Хирам, израелските сили на 18 јануари го разнесоа Универзитетот Ал-Исра, кој го користеа како воен штаб пред неговото уривање.

“Генерал-мајор Јарон Финкелман, командант на јужниот регион на израелската армија, спроведе темелна истрага и ги претстави наодите на началникот на израелскиот Генералштаб Херзи Халеви”, се вели во соопштението на израелската армија во понеделникот.

Во соопштението се наведува дека Хамас ја користел зградата на универзитетот и неговата околина за да ги нападне израелските сили, а уривањето се сметало за незаконско без потребните дозволи.

Тајмс оф Израел денеска објави дека Хирам на 7 октомври наредил напад со тенк врз куќа во населбата Беер, што веројатно резултирало со смрт на некои израелски заложници.

На 1 февруари, Хаарец објави дека израелските команданти им наредиле на војниците да палат куќи во Газа без законско овластување.

Владината прес-служба во Газа на 7 февруари објави дека израелските сили запалиле 3.000 домови.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Антиквар од Газа со книгите извлечени од урнатините на својот дом повторно создаде своја библиотека
72 департмани во Франција ставени во црвена тревога поради продолжување на топлотниот бран
Извештај: Трошоците за израелските војни од октомври 2023 се приближуваат до 205 милијарди долари
Цените на нафтата ги избришаа воените добивки, бидејќи сообраќајот на танкери во Ормуз продолжува
Палестинец убиен во сопствениот дом во рација на израелската војска на окупираниот Западен Брег
Трамп вели дека Ердоган е причината зошто ќе присуствува на самитот на НАТО во Туркије
Најмалку 32 лица загинаа, а над 700 се повредени во два силни земјотреси во Венецуела
Лидерите на НАТО ќе се соберат во Анкара на Самитот на 7 и 8 јули
Милановиќ му ги одзеде одликувањата на Главаш по пресудата за воени злосторства
Куртулмуш повика на сеопфатни реформи низ целиот исламски свет
Данска: Разговорите за Гренланд со САД би можеле да завршат со договор до крајот на годината
Лавров: Русија нема да се согласи на примирје во Украина заради мировни преговори
Трамп му рекол на Нетанјаху: „На сите Евреи им е преку глава од тебе“
Ердоган: Мирот ќе преовлада и покрај израелските провокации
Радев: Американските воени авиони го напуштаат аеродромот во Софија кон крајот на месецот