| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Белгија се вклучува во тужбата против Израел за геноцид пред МСП
Според извори од МНР, Белгија одлучила да достави сопствено толкување на членот 2 од Конвенцијата на Обединетите нации за спречување и казнување на геноцид од 1948 година, со која се дефинира кривичното дело геноцид.
Белгија се вклучува во тужбата против Израел за геноцид пред МСП
По тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да преземе мерки спречување геноцид / Photo: AA / AA

Белгија најави дека ќе интервенира во случајот што Јужна Африка го покрена против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), обвинувајќи го за геноцид, јавува Anadolu.

Според извори од МНР, Белгија одлучила да достави сопствено толкување на членот 2 од Конвенцијата на Обединетите нации (ОН) за спречување и казнување на геноцид од 1948 година, со која се дефинира кривичното дело геноцид.

Белгискиот министер за надворешни работи Хаџа Лахбиб изјави дека Белгија сака да учествува во овој случај пред МСП.

„На 7 февруари, Меѓународниот суд на правдата испрати писмо до државите потписнички на Конвенцијата од 1948 година, вклучително и Белгија, во кое се наведува дека може да се вклучи во толкувањето на Конвенцијата во контекст на овој случај. Белгија сака да учествува во ова и споделува сопствено толкување на членот 2 од Конвенцијата. Овде не се работи за тоа да се биде за или против едната или другата страна. Неопходно е да се зајакне универзалноста на меѓународните договори“, рече Лахбиб.

Изворите велат дека содржината и датумот се уште не се утврдени, а процесот може да трае со месеци.

На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Сепак, нападите продолжуваат со несмалено темпо, а испораката на помош останува недоволна за справување со хуманитарната катастрофа.

Од 7 октомври минатата година, најмалку 31.112 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Над 2 милиони луѓе се евакуираат откако два тајфуни ѝ се закануваат на Јапонија со обилни дождови
Смртните случаи од давење поврзани со топлотниот бран се искачија на 55 во Франција
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Пад на азиските технолошки акции поради Епл
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Старлинк нуди бесплатен интернет по земјотресот во Венецуела
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро
ЕУ и исплати 3,2 милијарди евра макрофинансиска помош на Украина
Макрон: Француската морнарица пресретна уште еден руски танкер од „ флотата во сенка“
Катарските танкери за течен природен гас транзитираат низ Ормускиот теснец
Нетанјаху: Никогаш не побарав дозвола од Трамп за да го нападнам Иран