| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Рамазан во Газа: Палестинците имаа ифтар на урнатините од нивните домови
Жителите во Рафах поставија маси и столови покрај урнатините за да организираат заеднички ифтар и покрај големиот недостиг на храна и вода во регионот.
Рамазан во Газа: Палестинците имаа ифтар на урнатините од нивните домови
Палестинците во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа имаа ифтар, на урнатините од нивните домови / Photo: AA / AA

Многу муслимани во Газа го имаа својот ифтар на првиот ден од светиот месец Рамазан далеку од своите домови во тешки воени услови, јавува Anadolu.

Палестинците во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа имаа ифтар, на урнатините од нивните домови.

Жителите во тој дел од Појасот Газа поставија маси и столови покрај урнатините за да организираат заеднички ифтар и покрај големиот недостиг на храна и вода во регионот.

Во оброкот најмногу уживаа најмалите кои трчаа околу масите.

Махер Салед, еден од организаторите на ифтар, рече дека подготвиле оброци за стотина семејства чии домови биле уништени во израелските напади, додавајќи дека целта е барем донекаде да им се разубават рамазанските денови.

На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Сепак, нападите продолжуваат со несмалено темпо, а испораката на помош останува недоволна за справување со хуманитарната катастрофа.

Од 7 октомври минатата година, најмалку 31.112 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Рубио: Договорот со Иран нема да ги загрози сојузниците во Заливот
Макрон: Француската морнарица пресретна уште еден руски танкер од „ флотата во сенка“
Катарските танкери за течен природен гас транзитираат низ Ормускиот теснец
Иран: Безбедното минување низ Ормускиот Теснец е можно само преку рутите одобрени од Техеран
Извештај: САД продолжуваат со продажбата на млазни мотори на Туркије
Нетанјаху: Никогаш не побарав дозвола од Трамп за да го нападнам Иран
Антиквар од Газа со книгите извлечени од урнатините на својот дом повторно создаде своја библиотека
72 департмани во Франција ставени во црвена тревога поради продолжување на топлотниот бран
Извештај: Трошоците за израелските војни од октомври 2023 се приближуваат до 205 милијарди долари
Цените на нафтата ги избришаа воените добивки, бидејќи сообраќајот на танкери во Ормуз продолжува
Палестинец убиен во сопствениот дом во рација на израелската војска на окупираниот Западен Брег
Трамп вели дека Ердоган е причината зошто ќе присуствува на самитот на НАТО во Туркије
Најмалку 32 лица загинаа, а над 700 се повредени во два силни земјотреси во Венецуела
Лидерите на НАТО ќе се соберат во Анкара на Самитот на 7 и 8 јули
Милановиќ му ги одзеде одликувањата на Главаш по пресудата за воени злосторства