| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Карикатура во Либерасион го исмева гладот во Газа за време на Рамазан
Цртежот прикажува разурнат град во заднина и рака што излегува од урнатините, човек што тешко дише брка глувци и бубачки по улицата, жена како седи на улица со прегладнето дете до неа и налутено вика кон мажот што трча, велејќи: „Не пред зајдисонце“
Карикатура во Либерасион го исмева гладот во Газа за време на Рамазан
Насловот на карикатурата гласи „Рамазан во Газа – почетокот на месецот на постот“ / Photo: AA / AA

Карикатурата што го прикажува гладот на Палестинците во Газа за време на светиот муслимански месец Рамазан, објавена во францускиот дневен весник „Либерасион“ (Libération), предизвика гнев на социјалните мрежи, при што некои остро го критикуваа популарниот дневен весник за исмевањето на „геноцидот“ на израелските сили во опколената енклава, јавува Анадолу.

Карикатурата, нацртана од Корин Реј за дневниот весник, ги исмева гладните луѓе во Газа во екот на израелските напади.

Цртежот прикажува разурнат град во заднина и рака што излегува од урнатините. Човек што тешко дише брка глувци и бубачки по улицата. Жена како седи на улица со прегладнето дете до неа и налутено вика кон мажот што трча, велејќи: „Не пред зајдисонце.“

Насловот на карикатурата гласи „Рамазан во Газа – почетокот на месецот на постот“.

Корисниците на социјалните мрежи оставаа лути коментари под објавата на „Либерасион“ на платформата X, изразувајќи го својот гнев поради цртежот во кој се исмева „геноцидот“.

Многу корисници сметаат дека карикатурата ги исмева жителите на Газа што се лишени од основните потреби и хуманитарна помош и се оставени да гладуваат.

Други прашуваа зошто сличен цртеж не е нацртан за тековната руско-украинска војна.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој се загинати речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш во израелските напади врз Појасот Газа загинати се над 31.100 Палестинци, главно жени и деца, а над 72.700 се повредени.

Израел, исто така, воведе целосна блокада врз Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.

Според палестинското Министерство за здравство, најмалку 27 лица починале од неисхранетост и дехидрација во Газа поради израелската блокада.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, каде што постои акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Туск ги призна тензиите со украинските бегалци во Полска
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Нетанјаху: Израел мора да „се ослободи од зависноста“ по тензиите со администрацијата на Трамп
Рекордни температури ѝ се закануваат на Шпанија, додека топлотна купола ја зафаќа Европа
Уралоглу: 11 турски бродови безбедно го напуштија Персискиот Залив преку Ормускиот Теснец
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори