| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
ЕК препорача почеток на пристапните преговори со Босна и Херцеговина
Зборувајќи за напредокот што го постигна Босна и Херцеговина, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека Босна и Херцеговина направила импресивни чекори откако го добила кандидатскиот статус
ЕК препорача почеток на пристапните преговори со Босна и Херцеговина
Босна и Херцеговина аплицираше за членство на 15 февруари 2016 година, а статусот на земја кандидат го доби на 15 декември 2022 година / Photo: AA / AA

Комисијата на Европската унија објави дека одлучила да препорача почеток на пристапните преговори со Босна и Херцеговина, една од земјите кандидати.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Генералното собрание на Европскиот парламент изјави дека Комисијата одлучила да препорача отпочнување на пристапни преговори со Босна и Херцеговина.

Наведувајќи дека политиката на ЕУ кон Западен Балкан неодамна се промени, Фон дер Лејен рече: „Сфативме дека не е доволно да чекаме Западен Балкан да ни пријде. Не е доволно да се каже дека вратата е отворена. Ние исто така мора да преземеме одговорност и да обезбедиме дека патот кон ЕУ ќе биде возможен. Мораме да го поддржиме на секој можен начин“.

Зборувајќи за напредокот на Босна и Херцеговина, фон дер Лајен истакна дека Босна и Херцеговина презема импресивни чекори откако го доби кандидатскиот статус.

Таа нагласи дека Босна и Херцеговина е целосно усогласена со надворешната политика на ЕУ, но има спроведено и внатрешни реформи во важни области.

Потсетувајќи дека е потребен уште поголем напредок за членство во ЕУ, таа рече: „Сепак, земјата покажува дека може да ги исполни критериумите за членство и нејзините граѓани сакаат да бидат дел од нашето семејство. Поради оваа причина, решивме да му препорачаме на Советот на ЕУ да го започне пристапниот процес на преговори со Босна и Херцеговина“.

Босна и Херцеговина аплицираше за членство на 15 февруари 2016 година, а статусот на земја кандидат го доби на 15 декември 2022 година.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Балкан Експо 2026 во Сараево собира повеќе од 100 компании од прехранбениот и земјоделскиот сектор
Макрон пристигна во Црна Гора, го пречека претседателот Милатовиќ
Парламентот на Словенија ја изгласа владата на Јанез Јанша
Германија и Франција предлагаат постепена интеграција во ЕУ на Западен Балкан и Молдавија
Кошта: ЕУ е најзаначајниот партнер на Србија, вратите на Унијата остануваат отворени
Советот на ЕУ ги одобри преговорите со Западен Балкан за укинување на роамингот
Мал авион се сруши во Хрватска, има неколку загинати
РСМ се искачи за осум места на StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026 листа
Кошта во Приштина: ЕУ го поддржува Косово, но не можеме да ја работиме вашата работа
Црна Гора депортирала цел авион што долетал од Србија
Финансиска полиција: Приведени повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание
Сиљановска Давкова: Европа е наш природен природен дом, бараме еднаков третман