| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Бомбардирањето на Палестинците кои чекаат помош станува рутина за Израел
Бомбардирањето толпа гладни луѓе станува секојдневна рутина што ја практикува израелската окупација, а меѓународната заедница ја гледа на телевизија, се вели во соопштението на Министерството за здравство во Газа
Бомбардирањето на Палестинците кои чекаат помош станува рутина за Израел
Најмалку деветмина Палестинци биле убиени од страна на израелската армија додека чекале да пристигне помош во југоисточниот дел на градот Газа / Photo: AA / AA

Министерството за здравство во Газа денес ја повика меѓународната заедница да ги спаси Палестинците во северниот дел на Појасот Газа од глад, нагласувајќи дека за израелската армија станало рутина да ги таргетира Палестинците кои чекаат помош, јавува Анадолу.

„Бомбардирањето толпа гладни луѓе станува секојдневна рутина што ја практикува (израелската) окупација, а меѓународната заедница ја гледа на телевизија“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

„Цената на мал пакет помош може да значи сигурна смрт“, рече и Министерството со седиште во Газа.

Пратија и повик за вознемиреност до меѓународната заедница барајќи да не дозволи палестинскиот народ во северниот дел на Појасот Газа „да биде жртва на глад, бомбардирање и болести“, предупредувајќи дека светот може да види најголем број жртви од глад во наредните денови.

Палестинската државна новинска агенција Вафа утринава цитираше здравствени извори во Газа кои рекоа дека најмалку деветмина Палестинци биле убиени од страна на израелската армија додека чекале да пристигне помош во подрачјето на кружниот тек Кувајт, југоисточниот дел на градот Газа.

Израел започна одмаздничка офанзива врз Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври. Во офанзивата загинаа повеќе од 31.100 Палестинци, а повредени се над 72.000.

Израел, исто така, воведе блокада на палестинската енклава, оставајќи го своето население, особено жителите на Северна Газа, на работ на гладување.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување поради уништувачката блокада и недостигот на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Шест лица повредени во напад на Пен станицата во Њујорк пред финалето на НБА
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Анкета: Израел и Нетанјаху се соочуваат со неповолно глобално јавно мислење
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман
Претставничкиот дом на САД го усвои предлог-законот за помош на Украина и санкции за Русија
Путин: Русија го контролира Луганск, над 85 % од Доњецк и над 80 % од Запорожје
Израелското и плестинското граѓанско општество во Париз за поддршка на решението за две држави
Српски војник, дел од мировните сили во Либан, загина во експлозија на проектил
Американски војник загина при инцидент на обука во Ирак
Арагчи: Нападите ќе продолжат врз локации „кои се користат“ во нападите врз Иран
Лекорну: Израел мора да ја прекине „нелегалната окупација“ на либанската територија
Германија гледа „прозорец за разговори“ со Русија за завршување на војната во Украина
Трамп: Да не бев јас, сега немаше да постои Израел
НАТО ќе започне намалени вежби во Балтичкото Море во услови на конкурентски воени распоредувања