| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Неисхранетост на децата во Газа: Шестгодишниот Фади се бори за живот
Израел со месеци извршува напади врз Појасот Газа, а со спречувањето на влезот на храна и основните потреби за живот, предизвика хуманитарна катастрофа во палестинската енклава
Неисхранетост на децата во Газа: Шестгодишниот Фади се бори за живот
Фади Ал Зант е шестгодишно палестинско момче од Северна Газа, кое моментно се наоѓа во болницата „Камал Адван“ во Беит Лахија / Photo: AA / AA

Децата во Појасот Газа се гладни, жедни и не може да им се обезбеди соодветна здравствена заштита поради недостигот на лекови, јавува Анадолу.

Израел со месеци извршува напади врз Појасот Газа, а со спречувањето на влезот на храна и основните потреби за живот, предизвика хуманитарна катастрофа во палестинската енклава.

Фади Ал Зант е шестгодишно палестинско момче од Северна Газа, кое моментно се наоѓа во болницата „Камал Адван“ во Беит Лахија.

Тој се наоѓа во тешка здравствена состојба. Поради недостигот на пристап до лекови за лекување на неговата цистична болест и неисхранетоста, животот на ова момче е загрозен.

Неговата мајка за АА изјави дека веќе изгубила две деца од иста болест.

Од почетокот на израелската воена офанзива врз Појасот Газа на 7 октомври загинаа над 31.100 Палестинци, главно жени и деца, а над 72.700 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, каде што постои акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД