| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Турскиот претседател Ердоган ќе го посети Ирак пред крајот на април
Посетата на Ердоган на Ирак ја најави заменик министерот за надворешни работи на Туркије Ахмет Јилдиз. Ердоган последен пат го посети Багдд во 2012 година кога беше премиер.
Турскиот претседател Ердоган ќе го посети Ирак пред крајот на април
Последната посета на Ердоган на Ирак се се случи пред 12 години кога тој беше премиер / Photo: AA / AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе го посети Ирак пред крајот на април, изјави денеска во Багдад турскиот заменик министер за надворешни работи Ахмет Јилдиз.

„Посетата ќе биде пред крајот на април според планираното и подготовките. Последната посета на Ердоган на Багдад се случи во 2012 година, кога тој беше премиер “, рече Јилдиз.

Турскиот заменик – министер за надворешни работи е во посета на Ирак и ќе има средби со претставници на ирачкото Министерство за надворешни работи.

„Ќе направиме подготовки за министерскиот состанок што ќе се одржи во иднина и посетата на нашиот претседател“, рече Јилдиз.

Осврнувајќи се на Проектот за развој на патишта, тој рече дека коридорите и развојните патеки се основните елементи на развојот.

„Овие патишта обезбедуваат поврзување, внесуваат виталност во економијата и обезбедуваат доверба меѓу земјите. Двете земји имаат голема желба и мислиме дека ако тоа се направи, ќе донесе придобивки што не може да се споредат со трошоците“, изјави Јилдиз.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години