| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
ЛШ: Арсенал подобар од Порто по пенал-рулетот, тинејџерско шоу на Барселона
За пофалба е потегот на тренерот на Барселона, Чави Хернандез, кој во многу важен натпревар стави двајца тинејџери во стартниот тим - 16-годишниот Ламине Јамал и една година постариот Пау Кубарси, како и 20-годишниот Фермин Лопез, кој беше
ЛШ: Арсенал подобар од Порто по пенал-рулетот, тинејџерско шоу на Барселона
За играч на натпреварот во Барселона беше прогласен тинејџерот Кубарси / Photo: Reuters / Reuters

Фудбалерите на Арсенал по драматична борба се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако на својот стадион „Емирати“ , со вкупни 5:3 по изведувањето на пенали го елиминираа Порто.

Воведните 90 минути завршија 1:0 за Арсенал, што беше идентичен резултат од првиот натпревар на стадионот Драгао кога славеше Порто. Единствен стрелец во Лондон беше белгискиот фудбалер Леандро Тросард во 41. минута. Откако немаше голови ниту во продолженијата, одлуката се сведе на пенал рулет, каде на крајот Арсенал победи со вкупни 5:3.

Сите играчи на Арсенал беа прецизни, голови постигнаа Одегард, Хаверц, Сака и Рајс. За Порто мирни и прецизни беа Пепе Акино и Грујиќ, но Вендел ја погоди стативата, додека ударот на Гален го одбрани Дејвид Реј за Арсенал да слави.

Фудбалерите на Барселона станаа петтиот тим кој се пласираше во четвртфиналето на овосезонското издание на Лигата на шампионите, а тоа го постигнаа со победа над Наполи со 3:1 (2:1) на Олимпискиот стадион во Барселона победувајќи го актуелниот шампион на Италија со севкупни 4:2.

Стрелец на водечкиот гол за Барселона беше Фермин Лопез во 15. минута. Само две минути подоцна Жоао Кансело ја смести топката во мрежата која се одби од стативата по ударот на Рафиња и со тоа на домашните му донесе два гола предност. Наполи успеа да намали во 30. минута, а стрелец беше Косовецот Амир Рахмани. Роберт Левандовски беше стрелец во 83. минута за конечни 3:1 и потврда за пласманот на Барселона во четвртфиналето.

За пофалба е потегот на тренерот на Барселона, Чави Хернандез, кој во многу важен натпревар стави двајца тинејџери во стартниот тим - 16-годишниот Ламине Јамал и една година постариот Пау Кубарси, како и 20-годишниот Лопез. Сите тројца одиграа одлично.

Вечерва се играат последните два натпревари од осминафиналето на ЛШ.

Атлетико Мадрид - Интер (0:1)*

Борусија Дортмунд - ПСВ Ајндховен (1:1)*

Претходно, пласман во четвртфиналето обезбедија Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен и ПСЖ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Катарскиот премиер: Аспиративен план за инвестициски фонд за Иран од 300 милијарди долари
Околу 68.000 домаќинства останаа без струја во западна Франција поради екстремна топлина
Тензии во Перу: Санчез тврди дека имало изборна измама
Трамп нареди истрага на Министерството за правда за нафтените компании поради цените на бензинот
Шефот на владејачката партија на Јужна Кореја поднесе оставка пред трката за лидер
Ли Ќијанг: Иновациите и соработката во фокус на Летниот форум во Давос
Двајца Палестинци убиени во последните израелски напади врз Газа
Трамп: Иран греши што негира дека се враќаат нуклеарните инспектори
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%
Трамп: Ослободените ирански средства ќе се наменат само за хуманитарни производи од САД