| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Бариера на јужните турски граници против терористичко насилство
Целосно го спречуваме ширењето на огнот околу нас кон Туркије со воспоставување безбедносен коридор долж нашите јужни граници“, порача турскиот претседател.
Ердоган: Бариера на јужните турски граници против терористичко насилство
Турскиот претседател Ердоган присуствуваше на предизборен митинг во Ширнак во пресрет на локалните избори на 31 март / Photo: AA / AA

Со поставувањето на „безбедносен коридор“ долж нејзините јужни граници, Тукије успешно се брани од ширење тероризам и насилство, рече денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на изборниот митинг во Ширнак, долж јужната граница на Туркије со Ирак, пред локалните избори на 31 март.

„Целосно го спречуваме ширењето на пожарот околу нас кон Туркије со воспоставување безбедносен коридор долж нашите јужни граници“, порача Ердоган.

Тој, исто така, истакна дека Туркије поставува бариери меѓу себе и терористичките групи кои сакаат да ја вклучат во конфликтот, а истовремено се дистанцира и од империјалистите и од нивните марионети, очигледно мислејќи на терористичките ПКК и ЈПГ/ПКК и земјите што Туркије ги обвинува за поддршка на терористички групи долж нејзините граници со Ирак и Сирија.

„Сепаратистичко-терористичката организација е алатка наметната на нашата земја за овековечување на тиранијата насочена кон воспоставување на еднопартиски фашизам во овие земји“, додаде тој.

Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК која е ставена на листата на терористички организации од Туркије, САД и Европската унија е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња. ЈПГ е нејзин сириски огранок.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
САД собори ирански дронови кои напаѓале комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец
Иран се согласил за поголемиот дел од нацртот на договорот со САД, нема компромис за црвените линии
Новата словенечка влада ја укина забраната за влез на Нетанјаху, Бен-Гвир и Смотрич
Фидан: Туркије и Бугарија повторно го потврдија планот за изградба на нов граничен премин
Туркије: Инвестицискиот договор со БИД останува на сила и покрај прекинот на стимулациите
Ердоган: Турската Црвена полумесечина се издвојува со глобалните хуманитарни напори
Иран го прогласи прекинот на огнот за бесмислен по последните напади на САД
Трамп: САД вечерва ќе го нападнат Иран многу силно, ќе го освоиме островот Харг
Туркије најостро ќе реагира по воениот договор меѓу Франција и Администрацијата на кипарските Грци
Мицкоски: Барањата од Бугарија се истите од 2022 година, мора да бидеме оптимисти
Иран целосно го затвора Ормускиот Теснец
Турско МO: Туркије ќе продолжи да ги штити правата и интересите на Турската Репеблика Северен Кипар
Гејтс: Бев уценуван од Епстин поради моите вонбрачни афери
Израел: Лансирани ракети од Либан врз израелските сили и цивилни области
Во американските напади над Иран погодени цивилни постројки за питка вода