| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Европски парламент: Забранети одредени апликации за вештачка интелигенција
Го имаме првиот обврзувачки закон во светот за вештачка интелигенција за да ги намалиме ризиците, да донесеме транспарентност и да се бориме против дискриминацијата“, рече ко-известувачот на Комитетот за внатрешен пазар на ЕУ, Брандо Бенифеи
Европски парламент: Забранети одредени апликации за вештачка интелигенција
Новиот закон го поддржаа 523 пратеници, 46 беа против, а 49 воздржани од гласање / Photo: AA / AA

Европскиот парламент денеска го усвои Законот за вештачка интелигенција со кој се забранети одредени апликации за вештачка интелигенција.

Врз основа на новите правила, забранети се одредени апликации за вештачка интелигенција кои според законодавците ги загрозуваат правата на граѓаните, а во оваа категорија спаѓаат и системи кои вршат категоризација врз основа на биометриските податоци на луѓето.

Агенциите за спроведување на законот ќе можат да користат системи за биометриска идентификација (RBI) „во реално време“ само во многу тесно дефинирани исклучителни случаи, како што се потрага по исчезнато лице или спречување терористички напад.

Употребата на таканаречените „пост-далечински“ системи се смета за високоризична ситуација која е можна само со специјално судско одобрение.

Апликациите за вештачка интелигенција (ВИ) кои можат да препознаваат емоции ќе бидат забранети на работното место и училиштата.

Системите за вештачка интелигенција за општа намена (GPAI) и моделите GPAI на кои се базирани мора да исполнуваат одредени барања за транспарентност, вклучително и усогласеност со законите за авторски права на ЕУ и објавување на детални резимеа на содржината што се користи за обука.

Законот наведува дека аудио и видео содржините создадени со помош на вештачка интелигенција „дипфејкс” мора да бидат јасно означени.

Законот има за цел да ги заштити основните права, демократијата, владеењето на правото и одржливоста на животната средина во областите поврзани со вештачката интелигенција, истовремено охрабрувајќи ги иновациите и воспоставувајќи ја Европа како лидер во оваа област.

Новиот закон го поддржаа 523 пратеници, а 46 беа против, а 49 воздржани од гласање, се наведува на веб-страницата на Европскиот парламент.

„Конечно го имаме првиот обврзувачки закон во светот за вештачка интелигенција за да ги намалиме ризиците, да создадеме нови можности, да донесеме транспарентност и да се бориме против дискриминацијата“, рече ко-известувачот на Комитетот за внатрешен пазар на ЕУ, Брандо Бенифеи.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Катарскиот премиер: Аспиративен план за инвестициски фонд за Иран од 300 милијарди долари
Околу 68.000 домаќинства останаа без струја во западна Франција поради екстремна топлина
Тензии во Перу: Санчез тврди дека имало изборна измама
Трамп нареди истрага на Министерството за правда за нафтените компании поради цените на бензинот
Шефот на владејачката партија на Јужна Кореја поднесе оставка пред трката за лидер
Ли Ќијанг: Иновациите и соработката во фокус на Летниот форум во Давос
Двајца Палестинци убиени во последните израелски напади врз Газа
Трамп: Иран греши што негира дека се враќаат нуклеарните инспектори
Ердоган по средбата со Навроцки: Треба да се зајакне европскиот столб на НАТО
Путин: Русија храбро и ефикасно ги решава задачите во конфликтот со Украина
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%
Трамп: Ослободените ирански средства ќе се наменат само за хуманитарни производи од САД