| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Туркије е меѓу земјите со најголема поддршка за Палестина
Претседателот на Туркије на предизборниот митинг во Мардин истакна Туркије со бродови и авиони испратила повеќе од 40.000 тони хуманитарна помош во Појасот Газа.
Ердоган: Туркије е меѓу земјите со најголема поддршка за Палестина
Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган присуствуваше на предизборен митинг во Мардин / Photo: AA / AA

Палестинскиот народ е сведок на силната поддршка што Туркије ја дава на палестинската борба. И овој Рамазан муслиманите се тажни поради бројните конфликти порача денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на митингот во Мардин во рамки на кампањата за локалните избори на 31 март.

„За жал, болка, драма и нестабилност владеат насекаде околу нас. Нашиот сосед Сирија копнее по мир и спокојство веќе 13 години. Етничките и секташките тензии продолжуваат во нашиот друг сосед Ирак. Крвавата војна меѓу Русија и Украина влезе во третата година. Дополнително на ова, од октомври се додадени и бруталните напади на терористичката држава Израел врз Газа“, рече Ердоган.

Тој посочи дека Туркије е една од земјите која од првиот ден и дава најголема поддршка на Палестина и најостра реакција против Израел.

Ердоган додаде дека Туркије со бродови и авиони испратила повеќе од 40.000 тони хуманитарна помош во Појасот Газа.

Претседателот Ердоган потсети и дека повеќе од 900 болни од рак и ранети Палестинци и нивните семејства се донесени на лекување во Туркије.

„За силната турска поддршка за палестинската борба сведочат нашите палестински браќа. Иако некои меѓу нас не знаат, угнетениот народ на Газа многу добро го знае правилниот и прониклив став на Таип Ердоган. Оваа борба на нашите палестински браќа за права и правда не ја откривме на 7 октомври. Ние сме во оваа борба уште од нашата младост“, рече Ердоган.

Тој истакна дека ја бранел Палестина и ја поддржува палестинската кауза во секоја фаза од својот полувековен политички живот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД