| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Вилдерс: Немам подршка да станам премиер на Холандија
Лидерот на екстремно десничарската исламофобна Партија на слободата, Герт Вилдерс објави дека пропаднале коалициските преговори за состав на новата Влада, откако победија на изборите во ноември лани со освоени 37 места во 150-члениот Парламент
Вилдерс: Немам подршка да станам премиер на Холандија
Сепак еден ден ќе станам премиер со уште поголема поддршка, ако не утре, тогаш задутре, ќе се слушне гласот на милиони Холанѓани, рече Вилдерс / Photo: AA / AA

Холандскиот екстремно десничарски политичар Герт Вилдерс во средата изјави дека нема доволно поддршка за да стане премиер на земјата.

„Можам да станам премиер само ако сите партии во коалицијата го поддржат тоа. Тоа не беше случај“, напиша Вилдерс на платформата X.

Тој го изјави ова по извештаите дека не успеаја напорите да се формира нова влада со Вилдерс на чело.

Тој подоцна изјави дека еден ден „тој сепак ќе стане премиер на Холандија, со поддршка од уште повеќе Холанѓани“.

„Ако не утре, тогаш задутре. Ќе се слушне гласот на милиони Холанѓани!“, рече тој.

Над 10,4 милиони гласачи гласаа на 22 ноември на изборите за членови на 150-члениот холандски парламент.

Екстремно десничарската исламофобна Партија на слободата (ПВВ) на Вилдерс освои 37 места, по што следи ГроенЛинкс-ПвдА, коалиција предводена од поранешниот извршен потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, со 25 места.

Во обид да ја ублажи својата претходна реторика, Вилдерс ја изрази својата желба да биде премиер за сите, без разлика на етничкото потекло или религијата, во изјава за јавниот радиодифузен сервис НОС.

Тој изрази надеж дека би можеле да постигнат договор во коалициските преговори со другите партии.

Во претходните години партијата ПВВ во својата партиска програма ветуваше дека ќе ги затвори џамиите во земјата, ќе го забрани Куранот и ќе ги укине дозволите за престој на барателите на азил.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД