| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Во израелските напади врз Газа од 7 октомври убиени 31.341 Палестинец
Израелските сили во последните 24 часа убиле уште 69 Палестинци во Појасот Газа, а ранети се 110 жители на енклавата, со што вкупниот број повредени во Газа се искачи на 73.134, објави денеска Министерството за здравство
Во израелските напади врз Газа од 7 октомври убиени 31.341 Палестинец
Според податоците на Министерството, околу 72 отсто од жртвите се жени и деца / Photo: AA / AA

Бројот на убиени Палестинци во смртоносната офанзива на Израел, кој е обвинет за геноцид, врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година, се зголеми на 31.341, објави денес Министерството за здравство на оваа палестинска енклава.

Министерството даде информации за израелските напади врз Појасот Газа што траат веќе 160 дена.

Наведено е дека израелските сили во последните 24 часа убиле уште 69 Палестинци во Појасот Газа, со што вкупниот број се искачи на 31.341.

Соопштено е дека во израелските напади во изминатите 24 часа се ранети 110 Палестинци, со што вкупниот број повредени во Појасот Газа се искачи на 73.134.

Се додава дека голем број тела сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.

Според податоците на Министерството, околу 72 отсто од жртвите се жени и деца.

По обвинението за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република, на 26 јануари Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Сепак, нападите продолжуваат со несмалено темпо, а испораката на помош останува недоволна за справување со хуманитарната катастрофа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Мерц во историска посета на Црна Гора на самитот во Тиват
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Германската крајнодесничарска AфД во Москва побара оживување на гасоводот Северен тек
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Врховниот лидер на Иран одобри помилување за над 2.000 осуденици
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Германскиот канцелар Мерц во Тиват: ЕУ мора да покаже политичка волја за проширување
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Британскиот премиер го обвини Илон Маск за поттикнување поделби околу убиство на студент
Путин: Русија е подготвена да направи некои компромиси за мировниот договор со Украина
Американскиот Сенат гласаше против Законот SAVE America на администрацијата на Трамп
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман