| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Децата со три дози ДиТеПер вакцина ќе може да посетуваат градинка
Само во Скопје има над 170 деца и возрасни со голема кашлица и над 200 во државата со очекување дека тој број ќе расте, можно е да излеземе со построги епидемиолошки мерки, сѐ зависи од развојот на ситуацијата, рече д-р Петличковски
Децата со три дози ДиТеПер вакцина ќе може да посетуваат градинка
Децата кои имаат примено три дози од вакцината можат да посетуваат градинка, но четвртата доза од вакцината ќе мора да ја примат најрано после шест месеци / Photo: AP / AP

Децата кои имаат примено три дози од вакцината ДиТеПер за голема кашлица можат да посетуваат градинка, но четвртата доза од вакцината ќе мора да ја примат најрано после шест месеци, соопшти денеска претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски.

Д-р Петличковски рече дека не може да каже кога Министерството ќе достави известување до градинките, но може да се очекува тоа да биде денеска или во следните денови.

„Деца кои примиле три вакцини во последните шест месеци и сега им следи ревакцина, која во стандардниот календар беше препорачано да се прима на една година, сега го кратиме тој период на шест месеци. Овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во овие шест месеци треба да им биде дозволено да влезат со напомена дека оваа вакцина треба да ја примат после шест месеци најрано од примањето на третата доза“, рече д-р Петличковски.

Состојбата со голема кашлица, како што кажа, во земјата не е добра и не е стабилна и во оваа состојба сме се довеле заради многу години наназад неодговорно однесување на многу граѓани.

„Оној податок од 50 проценти вакцинирани деца по градинките е поразителен за државата и тука мора многу да работиме, вели д-р Петличковски.

Посочи дека само во Скопје има над 170 деца и возрасни со голема кашлица и над 200 во државата со очекување дека тој број ќе расте.

-Можно е во следниве недели да излеземе со построги епидемиолошки мерки се зависи од развојот на ситуацијата, рече д-р Петличковски.

ИЗВОР:MIA
Повеќе
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Балкан Експо 2026 во Сараево собира повеќе од 100 компании од прехранбениот и земјоделскиот сектор
Макрон пристигна во Црна Гора, го пречека претседателот Милатовиќ
Парламентот на Словенија ја изгласа владата на Јанез Јанша
Германија и Франција предлагаат постепена интеграција во ЕУ на Западен Балкан и Молдавија
Кошта: ЕУ е најзаначајниот партнер на Србија, вратите на Унијата остануваат отворени
Советот на ЕУ ги одобри преговорите со Западен Балкан за укинување на роамингот
Мал авион се сруши во Хрватска, има неколку загинати
РСМ се искачи за осум места на StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026 листа
Кошта во Приштина: ЕУ го поддржува Косово, но не можеме да ја работиме вашата работа
Црна Гора депортирала цел авион што долетал од Србија
Финансиска полиција: Приведени повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание
Сиљановска Давкова: Европа е наш природен природен дом, бараме еднаков третман
Сиљановска Давкова-Пелегрини: Сите земји кандидатки треба да имаат еднаков третман на патот кон ЕУ
Парламентарен надзор и регионална соработка во фокусот на конференцијата во Загреб