| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Нетанјаху: И покрај притисоците ќе почнеме копнен напад врз Рафах
Израелскиот премиер рече дека има меѓународен притисок врз нив да не извршат копнен напад врз Рафа, но дека тие сепак ќе влезат во овој град, каде што се засолнети 1,5 милиони Палестинци
Нетанјаху: И покрај притисоците ќе почнеме копнен напад врз Рафах
Како премиер на Израел, ќе ги одбијам сите овие притисоци и ќе влеземе во Рафах, рече Нетанјаху / Photo: AA / AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека и покрај меѓународниот притисок ќе се започне со копнен напад врз Рафах.

Во Рафах засолниште најдоа голем број Палестинци од различни делови на Појасот Газа.

Нетанјаху рече дека има меѓународен притисок врз нив да не извршат копнен напад врз Рафах, но дека тие сепак ќе влезат во овој град на подрачјето на палестинската енклава.

Според писмената изјава на Канцеларијата за медиуми на израелскиот премиер, Нетанјаху дал оцена за нападите врз Газа при посетата на една воена единица.

„Додека израелската војска се подготвува да продолжи со борбите во Рафах, ние се соочуваме со меѓународен притисок што нѐ спречува да влеземе во тоа подрачје и да ја завршиме работата. Како премиер на Израел, ќе ги одбијам сите овие притисоци и ќе влеземе во Рафах“, рече Нетанјаху.

Израелската администрација веќе подолго време говори дека ќе започне копнен напад врз Рафа, каде што се засолнети околу 1,5 милиони Палестинци.

Меѓународната заедница го повикува Израел да не го преземе овој чекор, наведувајќи дека копнениот напад врз Рафа ќе има сериозни последици.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД