| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Шпанија:Усвоен закон за амнестија за Каталонците кои организираа референдум
Со законот се укинува кривична, административна и финансиска одговорност за лицата кои учествувале во промоцијата, подготовката и организирањето на референдумот од јануари 2012 до ноември 2023 година.
Шпанија:Усвоен закон за амнестија за Каталонците кои организираа референдум
За законот гласаа 178 претставници на левите и регионалните партии, додека 172 претставници на десницата во 350-члениот парламент гласаа против / Photo: AA / AA

Шпанскиот парламент денеска усвои закон за амнестија на Каталонците кои организираа забранет референдум за независност во 2017 година, со што ќе се прекинат правните постапки против стотици учесници.

За законот гласаа 178 претставници на левите и регионалните партии, додека 172 претставници на десницата во 350-члениот парламент гласаа против.

Со законот се укинува кривична, административна и финансиска одговорност за лицата кои учествувале во промоцијата, подготовката и организирањето на референдумот од јануари 2012 до ноември 2023 година.

Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез кој на крајот на минатата година доби нов четиригодишен мандат минатата недела изјави дека законот е важен за помирување и соживот. Десничарските партии, кои гласаа против, го обвинија премиерот за предавство. Минатата недела илјадници демонстранти излегоа на улиците на Мадрид за да протестираат против Санчез и веруваат дека амнестијата ќе ги поттикне поддржувачите на независноста да направат уште еден обид за отцепување.

Законот би можел да стапи на сила на крајот на мај, откако за тоа ќе се изјасни Сенатот, горниот дом на парламентот, во кој седат претставниците на регионите и кој може само да го забави, но не и да го собори.

Во Каталонија, автономна област со 7,5 милиони жители на северот на Шпанија, на 12 мај се одржуваат вонредни избори.

Доколку дотогаш стапи во сила законот за амнестија, на изборите би можел да учествува и поранешниот каталонски премиер Карлес Пучдемон, кој е во егзил во Белгија.

Пуџдемон ја прогласи Република Каталонија пред шест и пол години, врз основа на забранет референдум, но овој проглас не беше спроведен или признаен. Неговите соработници претходно овој месец објавија дека тој има намера да се врати во Каталонија во јуни, кога треба да биде укината налогот за апсење на судот во Мадрид.

„Ова не е крајот. Нашата цел е независност на нашата земја Каталонија“, изјави на каталонски Миријам Ногуерас, претставничка на партијата „Заедно за Каталонија“, на која и припаѓа Пуџдемон.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туск ги призна тензиите со украинските бегалци во Полска
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Нетанјаху: Израел мора да „се ослободи од зависноста“ по тензиите со администрацијата на Трамп
Рекордни температури ѝ се закануваат на Шпанија, додека топлотна купола ја зафаќа Европа
Уралоглу: 11 турски бродови безбедно го напуштија Персискиот Залив преку Ормускиот Теснец
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори