| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
ЛК: Дебакл на Динамо во Солун, Астон Вила со лекција за Ајакс
Олимпијакос со 6:1 по продолженијата го елиминираше Макаби Тел Авив, откако на првиот меч во Пиреа Макаби извојуваше сензационална победа од 4:1, а ПАОК го декласираше Динамо па Грција ќе има две екипи меѓу осумте најдобри во ЛК
ЛК: Дебакл на Динамо во Солун, Астон Вила со лекција за Ајакс
И покрај поразот 0:1 пред своите гледачи од Ројал Унион, Фенербахче се пласираше во 1/4 финалето на ЛК благодарение на победата од 0:3 во првиот натпревар / Photo: AA / AA

Финалето на Конференциската лига годинава ќе се игра во Атина, а грчките тимови Олимпијакос и ПАОК се во четвртфиналето и сонуваат финале во ова натпреварување.

Олимпијакос вчера после продолженија, со победа од 6:1 го елиминираше Макаби Тел Авив, а пирејците два гола дадоа во продолженијата, откако во регуларниот дел победија со 4:1.

На првиот меч во Пиреа, Макаби извојуваше сензационална победа од 4:1, а Олимпијакос врати со иста мерка во регуларните 90 минути, пред да ги дотолчио Израелците во дополнителните 30 минути на средбата во српскиот трад Бачка Топола каде Макаби играше како домаќин.

Фудбалерите на Динамо Загреб разочараа во реваншот од осминафиналето и загубија на гостувањето кај ПАОК во Солун со 5:1(0:3) и со тоа ја загубија предноста од 2:0 во првиот натпревар.

Мечот го реши катастрофалното прво полувреме на „модрите“, кои на стартот на вториот дел се вратија во игра. Динамо по постигнатиот гол пропушти голема шанса да постигне уште еден гол, па беа казнети со два гола од домаќинот.

И покрај поразот 0:1 пред своите гледачи од белгискиот Ројал Унион, фудбалерите на Фенербахче се пласираа во четвртфиналето на Конференциската лига, а Фиорентина им се приклучи со ремито 1:1 против Макаби од Хаифа во Фиренца.

Фенербахче обезбеди пласман благодарение на победата од 0:3 во првиот натпревар. Фиорентина, пак, поведе во 59. минута со голот на Барак.

Анан Калаили израмни за израелскиот тим во 88. минута, но Фиорентина се пласираше меѓу осумте најдобри благодарение на победата од 3:4 во првиот натпревар.

На натпреварот помеѓу Викторија Плзен и швајцарски Сервет немаше голови во повеќе од 210 минути игра, па пласманот во четвртфиналето го решија ударите од 11 метри.

Победникот го реши чешкиот голман Једличка, кој одбрани два пенали, а во четвртата серија промаши Јапонецот Цунемото, па Викторија со резултат 3:1 се пласираше во четвртфиналето.

Астон Вила се пласираше во четвртфиналето на Конференциската лига на УЕФА по убедливата победа од 4:0 против Ајакс пред своите навивачи на реванш осминафиналниот дуел.

Првиот натпревар во Амстердам заврши без голови, а Астон Вила овој пат целосно доминираше за заслужена победа.

Пласман во следната рунда обезбедија и Бриж, кој со 3:0 му се реваншираше на Молде за поразот од 2:1 во Шведска, како и Лил кој одигра 1:1 со Штурм, но победи 3:0 на првиот меч.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка
Муцунски од Софија: Ние сме заложник на една непринципиелна блокада на нашиот европски пат
Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
Ердоган: Израелските напади во Сирија и Либан ја загрозуваат Туркије
Трамп: Иран премногу одолжуваше за договор, сега ќе ja плати цената
Русија ќе одговори на новите санкции од ЕУ со „ефикасни и остри мерки“
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Кувајт ја активираше противвоздушната одбрана
САД изврши жестоки напади врз Иран како одговор на соборувањето на воен хеликоптер
Иран нападна над 20 американски цели низ Заливот
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Техеран ги предупреди странските сили околу Иран дека се соочуваат со ризици по заканата од Трамп
Трамп вели дека САД мора да одговорат по „наводниот“ ирански напад врз американскиот хеликоптер
Франција му забрани влез на крајнодесничарскиот израелски министер Смотрич
Израел уби уште осум Палестинци во Газа, продолжувајќи со секојдневните напади