| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Единаесет членки на НАТО ќе ја исполнат целта од 2 отсто од БДП за одбрана
Светот стана поопасен, но и НАТО стана посилен, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг на презентацијата на годишниот извештај
Единаесет членки на НАТО ќе ја исполнат целта од 2 отсто од БДП за одбрана
Светот стана поопасен, но и НАТО стана посилен, изјави Столтенберг на презентацијата на годишниот извештај / Photo: AA / AA
15 март 2024

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека оваа година се очекува 11 сојузнички земји да ја исполнат целта на Алијансата за распределба на најмалку два отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбраната.

Објавен е годишниот извештај на генералниот секретар на НАТО Столтенберг за 2023 година, во кој има информации за трошоците за одбрана на земјите од НАТО.

Според извештајот, се проценува дека 11 членки ќе ја постигнат целта на НАТО за распределба на најмалку два отсто од БДП за одбраната. Тоа се Полска, САД, Грција, Естонија, Литванија, Финска, Латвија, Велика Британија, Унгарија, Словачка и Данска. Во 2014 година само Грција, САД и Велика Британија издвоиле повеќе од два отсто од БДП за одбраната.

На прес-конференцијата за објавување на извештајот, Столтенберг рече: „Во 2023 година дојде до дополнително зајакнување на нашата одбрана, нови робусни воени планови, повеќе сили со поголема подготвеност и големи зголемувања на инвестициите во одбраната. Светот стана поопасен, но и НАТО стана посилен“.

Наведувајќи дека трошоците за одбрана во Европа и Канада се зголемуваат девет последователни години, Столтенберг нагласи дека за прв пат во 2024 година сојузниците на НАТО во Европа ќе инвестираат вкупно 470 милијарди долари во одбраната, што одговара на два отсто од нивниот вкупен БДП.

„Само тројца сојузници ја исполнија оваа цел во 2014 година. Оваа година, две третини од сојузниците ќе ја достигнат целта од 2 проценти“ , изјави Столтенберг.

Генералниот секретар посочи дека на самитот во Вашингтон, каде во јули ќе се одбележи 75-годишнината на НАТО, очекува сојузниците да преземат дополнителни чекори за поддршка на Украина, зајакнување на одбраната на НАТО, обезбедување ресурси и продлабочување на нивните партнерства низ светот.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири