| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Загриженост во Палестина: Да се спречи воената операција на Израел во Рафах
Палестинското претседателство во соопштение бара САД и меѓународната заедница да интервенираат за да не се дозволи агресија која дополнително би ги зфголемила страдањата на палестинскиот народ во појасот Газа
Загриженост во Палестина: Да се спречи воената операција на Израел во Рафах
Неколку земји го предупредија Израел да не спроведе воена операција во Рафах, каде што се сместени повеќе од 1,4 милиони Палестинци / Photo: AA / AA

Палестина денеска изрази загриженост поради одлуката на Израел да изврши воена операција во градот Рафах, јужниот дел на Појасот Газа, предупредувајќи дека тоа може да доведе до нов масакр и дополнителни раселувања.

„Секоја воена операција во Рафах значи извршување на нов масакр и продолжување на злосторствата за раселување врз нашиот народ“, се вели во соопштението на соопштението на палестинското претседателство кое го пренесе новинската агенција Вафа.

Во соопштението се бара итна интервенција од САД и меѓународната заедница за да се спречи таквата агресија што ги влошува страдањата на палестинскиот народ во Појасот Газа.

Израел денеска ги одобри плановите за воена операција во Рафах.

„Израелскиот премиер Нетанјаху ги одобри плановите за воена операција во Рафах, а армијата оперативно се подготвува за тоа и за евакуација на жителите“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху без да се наведат дополнителни детали.

Неколку земји го предупредија Израел да не спроведе воена операција во Рафах, каде што се сместени повеќе од 1,4 милиони Палестинци.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива на Појасот Газа по прекуграничен напад на 7 октомври предводен од палестинската група Хамас во кој беа убиени речиси 1.200 луѓе.

Најмалку 31.490 Палестинци, претежно жени и деца, оттогаш се убиени во Газа, а 73.439 други се повредени поради масовното уништување и недостигот на неопходни работи.

Израел, исто така, воведе блокада на палестинската енклава, оставајќи го нејзиното население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Израелската војна втурна 85 отсто од населението на Газа во внатрешно раселување поради осакатувачката блокада на повеќето храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според ОН.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мицкоски: Преговараме инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3%
Трамп: Ослободените ирански средства ќе се наменат само за хуманитарни производи од САД
Туск ги призна тензиите со украинските бегалци во Полска
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Нетанјаху: Израел мора да „се ослободи од зависноста“ по тензиите со администрацијата на Трамп
Рекордни температури ѝ се закануваат на Шпанија, додека топлотна купола ја зафаќа Европа
Уралоглу: 11 турски бродови безбедно го напуштија Персискиот Залив преку Ормускиот Теснец
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир