| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Амстердам тестира систем кој далечински ги успорува електричните велосипеди
Системот е развиен од Таунмејкинг Институт (Townmaking Institute), непрофитна организација која создава програми во областа на мобилноста и безбедноста, а освен во Амстердам ќе се тастира во уште пет европски градови
Амстердам тестира систем кој далечински ги успорува електричните велосипеди
Системот за асистенција на педалите на е-велосипедот се исклучува штом се доближи до училишта, паркови, прометни раскрсници и слични места / Photo: Townmaking Institute

Амстердам е еден од шесте европски градови кои наскоро ќе го тестираат системот за далечинско ограничување на брзината за електрични велосипеди, поради што советничката за сообраќај во градската администрација Мелани ван дер Хорст самата го тестирала минатата недела.

Системот за асистенција на педалите на е-велосипедот на Мелани Ван дер Хорст се исклучил веднаш штом таа влегла во чувствителна област - во близина на училишта, паркови, прометни раскрсници, места на кои има работа на пат или места на сообраќајни несреќи.

„На мојот екран видов дете кое си игра со топка. Не долго после тоа, мојата брзина на возење беше намалена на 15 километри на час“, рече таа.

Системот е развиен од Таунмејкинг Институт (Townmaking Institute), непрофитна организација која создава програми во областа на мобилноста и безбедноста. Сè уште е во експериментална фаза, но Ван дер Хорст смета дека тоа е многу ветувачко. Таа рече дека верува дека новиот систем може да придонесе Амстердам повторно да биде побезбеден.

Во 2022 година, повеќе од половина од жртвите во сообраќајот во Амстердам биле велосипедисти, а секој десетти возел електричен велосипед.

„Бројот на несреќи во кои учествуваат велосипедисти е алармантно голем. Децата повеќе не се осмелуваат да возат велосипед, а постарите се симнуваат од обичните велосипеди штом ќе дојде „возбуден“ возач на електричен велосипед. Повеќе од половина од сите електрични велосипедисти возат побрзо од дозволените 25 километри на час. Тие се многу поопасни од оние кои возат обични велосипеди и често предизвикуваат сериозни повреди во случај на несреќа“, изјави Ван дер Хорст.

Амстердам ќе започне со експериментален систем следната година. Жителите на Амстердам можат доброволно да учествуваат во проектот со преземање на апликацијата за ограничување на брзината и инсталирање на уредот на Таунмејкинг Институт на нивниот е-велосипед.

Во проектот ќе учествуваат уште пет европски градови, меѓу кои Милано, Атина и Минхен, а во наредните месеци градските власти на Амстердам ќе се консултираат со други европски градови и производители на електрични велосипеди за ефикасноста на уредот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД