| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
ОН: Израелската воена операција во Рафах ќе предизвика катастрофа
Портпаролот на Обединетите Нации ги повика инволвираните страни да дадат приоритет на прекин на огнот
ОН: Израелската воена операција во Рафах ќе предизвика катастрофа
Израелската војна втурна 85 отсто од населението на Газа во внатрешно раселување поради блокадата на храната, чиста вода и лекови / Photo: AA Archive / AA Archive

Обединетите нации денеска изразија загриженост поради извештаите дека Израел ги одобрува плановите за воена операција во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа.

„Ги видовме овие извештаи во медиумите. Тие се крајно загрижувачки“, рече на прес-конференција портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

Истакнувајќи дека последиците од копнената операција во Рафах во сегашните околности ќе бидат катастрофални за луѓето во Газа, за Палестинците, тој исто така рече дека тоа ќе биде катастрофално за хуманитарната ситуација на теренот.

Тој повика да се избегне таков потег во Рафах град во кој дојдоа стотици илјади Палестинци, измамени од сугестиите дека тоа ќе биде безбедна област.

Дужарик рече инволвираните страни да дадат приоритет на прекин на огнот, нагласувајќи ја критичната потреба за хуманитарен пристап и ослободување на заложниците. Тој ја нагласи итноста за изнаоѓање решение за насилството што го погоди регионот.

Запрашан за влијанието на можната воена операција во Рафах, Дужарик рече дека негативното влијание врз хуманитарните операции веднаш ќе се почувствува.

„Мислам, веќе е доволно комплицирано да го направиме она што се обидуваме да го направиме во сегашното опкружување“, додаде тој.

Според меѓународните извештаи, неколку земји го предупредија Израел да не изврши воена операција во Рафах, град во кој живеат повеќе од 1,4 милиони Палестинци.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива на Појасот Газа по прекуграничен напад на 7 октомври предводен од палестинската група Хамас во кој беа убиени речиси 1.200 луѓе.

Над 31.000 Палестинци, главно жени и деца, оттогаш се убиени во Газа, а повеќе од 73.000 други се повредени во услови на масовно уништување и недостиг на неопходни работи.

Израел, исто така, воведе блокада на палестинската енклава, оставајќи го населението, особено жителите на северна Газа, на раб на глад.

Израелската војна втурна 85 отсто од населението на Газа во внатрешно раселување поради блокадата на храната, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според ОН.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да гарантира дека ќе се обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел
Израел ќе ги прекине нападите врз Иран по барање на Трамп, но продолжува со операциите во Либан
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Шест лица повредени во напад на Пен станицата во Њујорк пред финалето на НБА
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Анкета: Израел и Нетанјаху се соочуваат со неповолно глобално јавно мислење
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман
Претставничкиот дом на САД го усвои предлог-законот за помош на Украина и санкции за Русија
Путин: Русија го контролира Луганск, над 85 % од Доњецк и над 80 % од Запорожје
Израелското и плестинското граѓанско општество во Париз за поддршка на решението за две држави
Српски војник, дел од мировните сили во Либан, загина во експлозија на проектил
Американски војник загина при инцидент на обука во Ирак
Арагчи: Нападите ќе продолжат врз локации „кои се користат“ во нападите врз Иран
Лекорну: Израел мора да ја прекине „нелегалната окупација“ на либанската територија
Германија гледа „прозорец за разговори“ со Русија за завршување на војната во Украина