| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије ја одбележува 109-годишнината од поморската победа во Чанаккале
„Победата во Чанаккале беше величествена епска победа што ги фрли на колена најмодерните армии од тоа време и во историјата ја запиша изреката 'Чанаккале е непробојно'“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Туркије ја одбележува 109-годишнината од поморската победа во Чанаккале
Туркије ја одбележува 109-годишнината од поморската победа во Чанаккале / Photo: AA / AA

Денес низ Република Туркије на пригодни начини се одбележува Денот на сеќавање на мачениците и 109-годишнината од поморската победа на Чанаккале.

Во Европа е позната и како битката кај Галиполи, а тоа е една од најкрвавите и најжестоките битки во Првата светска војна, но, според многу показатели, воопшто во историјата.

Поморската битка се случила помеѓу 3 ноември 1914 година и 18 март 1915 година, а копнената битка се случила кај Чанаккале од 25 април 1915 година до 9 јануари 1916 година. Тоа се битките што го заземаат најзначајното место во историјата на Туркије и пошироко.

„Победата во Чанаккале беше величествена епска победа што ги фрли на колена најмодерните армии од тоа време и во историјата ја запиша изреката 'Чанаккале е непробојно'“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на социјалната мрежа X и додаде:

„Верата и решителноста на нашите херојски војници и единствениот успех постигнат во Чанаккале со жртвите на нашата нација, исто така, го инспирираа нашиот отпор што донесе победа во нашата војна за независност.“

По тој повод Ердоган изрази милост и им оддаде почит на сите маченици од Чанаккале.

Денот на мачениците и годишнината од поморската битка кај Чанаккале денес се одбележани во повеќето турски градови, каде што делегации положија венци на спомен-обележјата. Венци беа положени и на аниткабирот, мавзолејот на основачот и прв претседател на Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк.

Турскиот претседател Ердоган денес во Чанаккале ќе присуствува на програмата за Денот на сеќавањето на мачениците и на 109-годишнината од поморската победа во Чанаккале.

Во текот на денот тој ќе присуствува и на церемонијата на отворање на републичката кула на Ататурк во Анкара.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Русија ќе одговори на новите санкции од ЕУ со „ефикасни и остри мерки“
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Кувајт ја активираше противвоздушната одбрана
САД изврши жестоки напади врз Иран како одговор на соборувањето на воен хеликоптер
Иран нападна над 20 американски цели низ Заливот
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Техеран ги предупреди странските сили околу Иран дека се соочуваат со ризици по заканата од Трамп
Трамп вели дека САД мора да одговорат по „наводниот“ ирански напад врз американскиот хеликоптер
Франција му забрани влез на крајнодесничарскиот израелски министер Смотрич
Израел уби уште осум Палестинци во Газа, продолжувајќи со секојдневните напади
Туркије и Саудиска Арабија потпишаа значајни договори за железница и транспорт
Османи: Без брзо формирани институции, сонот на Косово за НАТО и ЕУ останува далеку
По 12 години, Северна Македонија и Туркије го враќаат на високо ниво дијалогот за патниот транспорт
Пентагон: Алибаба, Баиду и други технолошки фирми ѝ „помагаат“ на кинеската војска
Растат трошоците за живот