| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
САД ги ставија Катица Јанева и Стевчо Јакимовски на „црната листа“
Поради вмешаност во значителна корупција американскиот Стејт департмент ги стави на „црната листа“ поранешната специјална шефица на СЈО Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за претседател, Стевчо Јакимовски.
САД ги ставија Катица Јанева и Стевчо Јакимовски на „црната листа“
Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси, велат од Стејт департментот / Photo: AA / AA

Поради вмешаност во значителна корупција американскиот Стејт департмент денеска именува повеќе функционери од Западен Балкан на „црна листа“, меѓу кои и поранешната специјална главна обвинителка на Северна Македонија, Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за претседател на Северна Македонија, Стевчо Јакимовски.

Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот ги определува и членовите на нивното потесно семејство- двата полнолетни синови на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, и сопругата и возрасниот син на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев. Овие дејствија ги прават Јанева, Јакимовски и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД.

Нивните постапки, се вели во соопштението од Стејт департментот, го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади.

Во нејзиното службено својство на поранешен специјален главен обвинител во Северна Македонија, Јанева беше вмешана во коруптивни дејствија, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист.

„Постојат веродостојни информации кои Јанева ги побарала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

За Јакимовски, се вели дека во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, бил вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници.

Овие именувања, посочуваат од Стејт департментот, ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан.

„Одделот ќе продолжи да ги користи сите достапни овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво“, нагласуваат од Стејт департментот.

Овие ознаки се направени според Дел 7031(в) од Законот за резервации на средства на Стејт департментот, странски операции и сродни програми, 2023 година, како што е пренесено со Законот за континуирани резервации.

Стејт департментот на САД денеска, заедно со Јанева и Јакимовски го објави и јавното именување и на поранешниот градоначалник на Качаник, Косово, Џабир Жарку.

На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Кочо Анѓушев, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Муцунски од Софија: Ние сме заложник на една непринципиелна блокада на нашиот европски пат
Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Османи: Без брзо формирани институции, сонот на Косово за НАТО и ЕУ останува далеку
По 12 години, Северна Македонија и Туркије го враќаат на високо ниво дијалогот за патниот транспорт
Растат трошоците за живот
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
БиХ и Хрватска потпишаа договор за граничните премини
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Балкан Експо 2026 во Сараево собира повеќе од 100 компании од прехранбениот и земјоделскиот сектор
Макрон пристигна во Црна Гора, го пречека претседателот Милатовиќ
Парламентот на Словенија ја изгласа владата на Јанез Јанша
Германија и Франција предлагаат постепена интеграција во ЕУ на Западен Балкан и Молдавија