| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Остин: САД нема да дозволат Украина да пропадне
„Украина нема да отстапи, а ниту САД. Значи, нашата денешна порака е јасна. САД нема да дозволат Украина да пропадне. Оваа коалиција нема да дозволи Украина да пропадне, а слободниот свет нема да дозволи Украина да пропадне“, рече Остин
Остин: САД нема да дозволат Украина да пропадне
Остин: САД нема да дозволат Украина да пропадне / Photo: AA / AA

Вашингтон нема да дозволи Украина да пропадне, изјави денес американскиот министер за одбрана Лојд Остин во време кога републиканците во Конгресот го блокираат протокот на воена помош.

„Одлучни сме да ѝ ги обезбедиме на Украина ресурсите што ѝ се потребни за да се спротивстави на агресијата на Кремљ“, рече Остин на состанокот на високо ниво на сојузниците и партнерите на НАТО во воздухопловната база Рамштајн во Германија.

Тој изјави дека украинските трупи во моментов се соочуваат со „сурови услови и тешки борби“ и дека им треба повеќе оружје и муниција од западните земји за да се спротивстават на воената агресија на Русија.

„Украина нема да отстапи, а ниту САД. Значи, нашата денешна порака е јасна. САД нема да дозволат Украина да пропадне. Оваа коалиција нема да дозволи Украина да пропадне, а слободниот свет нема да дозволи Украина да пропадне“, рече Остин.

Нагласувајќи го новиот пакет за дополнителна безбедносна помош од 300 милиони долари што САД го објавија минатата недела, тој рече дека ќе ги поддржи најитните потреби на Украина за воздушна одбрана, артилерија и противтенковски капацитети.

Состанокот во Рамштајн доаѓа во услови на зголемена загриженост во Киев за одржливоста на американската воена поддршка за Украина, поради тоа што републиканците ја блокираа помошта за време на изборната година и веројатноста за втор мандат на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Во текот на изминатите недели, украинскиот претседател Владимир Зеленски апелираше до западните сојузници за поголема поддршка и предупреди дека украинската Армија се соочува со критичен недостиг на муниција, особено артилериски гранати.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години