| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Кошаркарскиот клуб Дубаи од следната сезона во АБА лигата
На денешната седница на Собранието на АБА лигата, Дубаи ја подигнал првичната понуда од 1,5 на 2,5 милиони долари за првата сезона во регионалното натпреварување, па девет клуба гласале за влез на Дубаи во лигата, еден бил воздржан, а еден бил против
Кошаркарскиот клуб Дубаи од следната сезона во АБА лигата
Дубаи во следните три сезони треба да игра во АБА лигата со можност за продолжување на соработката / Photo: ABA league

Кошаркарскиот клуб Дубаи од следната сезона ќе игра во АБА лигата, одлучено е денеска на седницата на Собранието на регионалното натпреварување во Загреб.

Пред една недела претставници на Дубаи на седницата на Собранието на регионалното натпреварување презентираа долгорочна понуда и спортско-деловна визија за влез во АБА лигата од сезоната 2024/2025.

Седницата потоа беше прекината, а најавено е дека ќе продолжи денеска.

Како што пренесува Спортклуб, на денешната седница на Собранието на АБА лигата, Дубаи ја подигнал првичната понуда од 1,5 милиони долари на 2,5 милиони долари за првата сезона во регионалното натпреварување.

Исто така, се наведува дека девет клуба гласале за влез на Дубаи во АБА лигата, еден бил воздржан, а еден бил против.

Дубаи во следните три сезони треба да игра во АБА лигата со можност за продолжување на соработката.

ИЗВОР:Tanjug
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години