| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Хамас: Со нападите врз Ал-Шифа Израел сака да ги прикрие воените неуспеси
Израел се обидува да ги спроведе своите планови за насилно иселување на палестинскиот народ и во своите напади директно ги нишани здравствените центри и цивилите кои треба да бидат заштитени според меѓународното право, велат од Хамас
Хамас: Со нападите врз Ал-Шифа Израел сака да ги прикрие воените неуспеси
Израелската Армија вчераутро со беспилотни летала и тешко вооружување изврши напад врз болницата Ал-Шифа во Газа / Photo: AA / AA

Палестинското движење Хамас соопшти дека Израел се обидува да ги прикрие воените неуспеси во Појасот Газа со напад на болницата Ал-Шифа и нејзиниот комплекс.

Хамас објави писмено соопштение во врска со израелските напади врз болницата Шифа во Газа, каде се сместени илјадници болни, ранети и раселени лица.

Во соопштението, израелските напади врз болницата и нејзината околина се опишани како израелски обид да се прикрие неуспехот на претходно најавените воени цели.

Беше нагласено дека Израел се обидува да ги спроведе своите планови за насилно иселување на палестинскиот народ и дека во своите напади директно ги нишани здравствените центри и цивилите кои треба да бидат заштитени според меѓународното право.

Хамас ги повика Арапската лига, Организацијата за исламска соработка (ОИС) и Обединетите нации (ОН) да го запрат израелскиот масакр на беспомошните цивили во болницата каде што се сместени.

Израелската Армија вчераутро со беспилотни летала и тешко вооружување изврши напад врз болницата Ал-Шифа во Газа, а во нападот загинаа неколку лица.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Среде геноцидната војна на Израел, палестинските сестри градат надеж од урнатините на Газа
Под блокада на гориво: Колку долго кубанската влада може да преживее економски притисоци?
Израелската армија ги предупредува жителите на три либански градови да се евакуираат
Иран: Испалилени предупредувачки истрели кон американски разорувачи во Оманското Море
Русија и Украина разменија 185 воени заробеници со посредство на ОАЕ
Мерц во историска посета на Црна Гора на самитот во Тиват
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Германската крајнодесничарска AфД во Москва побара оживување на гасоводот Северен тек
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Врховниот лидер на Иран одобри помилување за над 2.000 осуденици
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Германскиот канцелар Мерц во Тиват: ЕУ мора да покаже политичка волја за проширување
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК