| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Турските компании на најголемата конференција за сателити во светот
„Дојдовме на овој настан да го претставиме нашиот асортиман на производи, кој го проширивме во последните години, развојот што го направивме досега и да ја претставиме нашата земја.“
Турските компании на најголемата конференција за сателити во светот
Турските компании на најголемата конференција за сателити во светот / Photo: AA / AA

Турските компании за сателитска технологија Турксат, Турски аеровселенски индустрии (TAI) и Аселсан, ги презентираа своите производи и капацитети на конференцијата Сателит 2024, што се одржа во Вашингтон.

Конференцијата ги собра најголемите светски производители и оператори на сателити.

Енвер Искурт, заменик-министерот за транспорт и инфраструктура на Туркије, за Анадолу изјави дека се горди на трите турски компании кои изложуваат на настанот.

Тој го спомена новиот сателит Турксат 6А, нагласувајќи дека е целосно направен од турски компании.

Хасан Хусеин Ерток, извршниот директор на сателитскиот оператор во земјата Турксат, рече дека настанот е најголем во областа, каде што сите засегнати страни од оваа индустрија се здружуваат и учествуваат.

„Дојдовме на овој настан да го претставиме нашиот асортиман на производи, кој го проширивме во последните години, развојот што го направивме досега и да ја претставиме нашата земја“, рече тој.

Напомена дека ги прикажале новите технологии на кои работат во моментов, особено во областите како што се обезбедувањето интернет-услуги во воздухопловството и кај пловилата.

Мустафа Јаман, потпретседател на одбранбената компанија Аселсан, рече дека компанијата изложила сателитска опрема и кориснички терминали на настанот.

Таха Тетик, директор на програми за вселенски системи при производителот на авиони ТАИ, рече дека ги изложиле своите домашно произведени производи, како што се нивните комуникациски и сателити за набљудување, и дека присуствувале на настанот да се сретнат со потенцијални клиенти и да создадат нови конекции за потенцијална соработка.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израел повторно предупредува за напади во Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Куршад Зорлу потпретседателот на АК Партија е во посета на Северна Македонија
Туркије и Канада започнаа преговори за договор за слободна трговија
Спасен екипажот на американскиот воен хеликоптер кој се сруши близу Ормутскиот Теснец
Трамп: Продолжуваат преговорите со Иран, можен договор за неколку дена
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел