| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Археолошкиот локалитет „Стоби“ станува поатрактивен за туристите
ЕУ вложи над 495.000 евра неповратни средства во проектот „Еуропос Платино Стоби – Европското минато, иднина и културни вредности“. Од нив, 186 000 евра доби „Стоби“ за адаптација на објектот.
Археолошкиот локалитет „Стоби“ станува поатрактивен за туристите
Археолошкиот локалитет „Стоби“ станува поатрактивен за туристите / Photo: ФБ профил на македонската министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска

Македонската министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска го посетија Археолошкиот локалитет „Стоби“ каде што се во тек активности за реализација на проектот „Конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот Стара железничка станица и нејзина адаптација во центар за посетители“.

„Објектот на „Старата железничка станица“ во „Стоби“, кој со поддршка од ИПА-фондовите прерасна во нов, модерен центар за посетителите, е уште една потврда дека евроинтеграцијата не е само апстрактна приказна туку конкретна и видлива придобивка за граѓаните“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура информираше дека Европската Унија вложи над 495.000 евра неповратни средства во проектот „Еуропос Платино Стоби – Европското минато, иднина и културни вредности“.

Од нив, 186.000 евра доби „Стоби“ за адаптација на објектот во кој посетителите ќе имаат можност да го видат движниот културолошки слој на овој археолошки локалитет, со што „Стоби“ станува поатрактивен за туристите.

„Оваа иницијатива, која беше препознаена и од партнерите во Грција дека ЕУ-фондовите не само што побрзо нè движат на европскиот пат туку и придонесуваат во одржувањето добрососедски односи и за зајакнување на комуникацијата и довербата“, нагласи Костадиновска-Стојчевска, која упати честитки до директорот на НУ Археолошки локалитет „Стоби“, Спасе Перовски, и до сите вработени за посветениот ангажман во обезбедувањето на европските средства преку ИПА-прекугранична програма со Грција.

„ „Стоби“ е атракција сам по себе, но содржините што ќе се нудат во Центарот ќе бидат додадена вредност за секој посетител што овде ќе има можност да доживее ново визуелно, образовно и интерактивно искуство“, истакна Костадиновска-Стојчевска, која додаде дека покрај древната историја на овој антички град, преку овој центар, на современ начин ќе се слуша гласот за историјата, културата и идентитетот на актуелната македонска култура.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека ваквите успешни имплементации на проекти од ИПА-програмата за прекугранична соработка го трасираат најефикасниот и единствен пат за остварување на нашата мисија, а тоа е трајна и одржлива заштита на македонското културно наследство во ЕУ.

Проектот „Еуропос Платино Стоби – Европското минато, иднина и културни вредности“ го реализира НУ Археолошки локалитет „Стоби“ со донација од Европската комисија преку телото за управување и развој на ИПА за прекуграничната програма Грција – Македонија, Република Грција.

Партнери во проектот се: „CISS Cooperazione, Regional Development Found of Central Macedonia – Region of Central Macedonia“ и „Ephorate of Antiqes of Kilkis“.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ТРТ Ворлд Дигитал доби пет престижни награди Тели за извонредност во визуелното раскажување приказни
Туркије ги повика светските филмаџии на Кан да снимаат во земјата
100 години Природонаучен музеј во Скопје: Истрајност, наука и природно наследство
Мачкина глава ќе го отвори, Црно злато ќе
го затвори јубилејниот 60. МТФ „Војдан
Чернодрински“
Познатиот актер Џон Малкович доби хрватско државјанство
Саем на книгата во Скопје: Над 60 издавачи и повеќе од 130 промоции
Охрид на мапата на Европските културни рути на Советот на Европа
Од љубов до спој на две култури: Од Јордан до Скопје
Три копродукции на ТРТ се натпреваруваат за Златната палма во Кан
Неколку факти за Ромите и нивниот Меѓународен ден - 8 Април
Под слоганот „Важна е културата”, Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
Потпишан протокол за соработка меѓу Министерството за култура и туризам на РСМ и ТУРКСОЈ
Заживување на заборавеното: Ткаење на разбој
Во Лос Анџелес, со присуство на најголемите имиња од Холивуд, се одржа доделувањето на Оскарите
ТМВ го одбележа Денот на прифаќањето на турската национална химна
Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили
Македонската гајда и турскиот тулум ќе се претстават во Истанбул
Министерство за култура и туризам: Премиерата на филмот „Диџеј Ахмет“ во Брисел ја одушеви публиката
Турската општина Арнавуткој организираше ифтарска програма во Долнени
Ткаенината на еден народ: Македонската традиција од етнолошка перспектива