| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
За седум дена загинаа сто Палестинци во Газа додека чекаа хуманитарна помош
Палестинскиот хуманитарец и директор на Канцеларијата за вонредни состојби во Западна Газа, Амџад Хаат беше убиен вчера во воздушен напад врз градот Газа, при што загинале најмалку 23 Палестинци кои биле собрани за да дистрибуираат хуманитарна помош
За седум дена загинаа сто Палестинци во Газа додека чекаа хуманитарна помош
Израелските напади врз гладните Палестинци имаат за цел ширење хаос и несигурност во блокираната енклава / Photo: AA / AA

Повеќе од 100 луѓе загинаа, а десетици се повредени во израелските напади врз Палестинците кои собираа хуманитарна помош во Појасот Газа во изминатата недела, објави во средата Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа.

„Израелската окупација се обидува да ја задржи политиката на гладување и да го продлабочи гладот ​​во Газа и покрај предупредувањата на меѓународните организации и институции“, соопшти канцеларијата.

Предупредено е дека израелските напади врз гладните Палестинци имаат за цел ширење хаос и несигурност во блокираната енклава.

Палестинскиот хуманитарец и директор на Канцеларијата за вонредни состојби во Западна Газа, Амџад Хаат, беше убиен вчера во израелски воздушен напад врз градот Газа.

Неименувани медицински извори соопштија дека во тој напад загинале најмалку 23 Палестинци, а цел на израелските бомбардирања биле група луѓе собрани на „кувајтската раскрсницз“ во Газа за да организираат дистрибуција на хуманитарна помош.

Во понеделникот, израелските сили го убиле Фаек ал-Мабхух, шефот на полициските операции во Газа, за време на рацијата на болницата Ал-Шифа во градот Газа.

Ал-Мабхух беше одговорен за координирање на влезот на хуманитарна помош со Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНРВА) во северниот дел на Појасот Газа.

Израел, обвинет за геноцид, почна со напади врз Појасот Газа по 7 октомври минатата година и прекуграничниот напад на Хамас.

Досега се убиени 31.923 Палестинци, додека 74.096 се повредени.

На 26 јануари, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напад и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да го спречи геноцидот, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканска Република.

Според Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

ИЗВОР:AA
Повеќе
13 загинати цивили во наводен пакистански напад врз Авганистан
Најмалку пет лица убиени во новите израелски напади врз јужен Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел
Израел ќе ги прекине нападите врз Иран по барање на Трамп, но продолжува со операциите во Либан
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Шест лица повредени во напад на Пен станицата во Њујорк пред финалето на НБА
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Анкета: Израел и Нетанјаху се соочуваат со неповолно глобално јавно мислење
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман
Претставничкиот дом на САД го усвои предлог-законот за помош на Украина и санкции за Русија
Путин: Русија го контролира Луганск, над 85 % од Доњецк и над 80 % од Запорожје
Израелското и плестинското граѓанско општество во Париз за поддршка на решението за две држави