| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Ана Брнабиќ избрана за претседател на Собранието на Србија
За Брнабиќ не гласаа пратениците од коалицијата „Србија против насилството“ и „НАДА“, кои не присуствуваа на гласањето за изборот на претседател, како и за потпретседатели чиј избор го проследија со гласни протести, тропање и фрлање хартии
Ана Брнабиќ избрана за претседател на Собранието на Србија
Таа рече дека изборот претставува голема чест за неа, привилегија и обврска да продолжи да работи за доброто на Србија и нејзините граѓани / Photo: AA / AA

Српскиот парламент денеска ја избра потпретседателката на Српската напредна странка и поранешна премиерка на Србија, Ана Брнабиќ за претседател на српското Собрание.

Од присутните 158 пратеници, 153 гласале за Ана Брнабиќ, а пет пратеници против.

За изборот на Ана Брнабиќ гласаа пратениците кои влегоа во Собранието од листата „Александар Вучиќ- Србија не смее да застане“ и „Ивица Дачиќ-премиер на Србија“, Сојузот на Унгарците од Војводина и партиите на националните малцинства.

На гласањето не присуствуваа пратениците од коалицијата „Србија против насилството“ и „НАДА“, а против или не присуствуваа пратениците од „Ние глас на народот д-р Бранимир Несторовиќ“ и „Ние глас на народот“.

Брнабиќ им се заблагодари на пратениците кои и ја дадоа довербата и веднаш премина на следната точка од дневниот ред - избор на потпретседатели.

Брнабиќ ја отвори дискусијата за потпретседателите, но пратениците од опозицијата не беа во салата, а потоа се појавија и протестираа.

Српскиот парламент ги избра потпретседателите со гласнен протест на членовите на опозицијата од листата „Србија против насилството“, кои почнаа да фрлаат хартии и да тропаат по масите.

Брнабиќ потоа се обрати до јавноста за да објасни зошто Собранието „изгледа како што изгледа сега“.

Брнабиќ објасни дека три дена во парламентот траеле консултациите за потпретседателите и работните тела и додаде дека тој дел од опозицијата не се појавил на консултациите.

Таа додаде дека дошлол дел од опозицијата и дека нивните предлози биле прифатени.

„Се што побара опозицијата на консултациите, опозицијата доби, да покажевте трошка почит кон Собранието да одговори на консултациите, можевме да договориме се да биде цивилизирано, да се гласа, единствена цел е да се создадете циркус во собранието“, рече Брнабиќ.

Таа рече дека изборот на нова функција за неа претставува голема чест, привилегија и обврска да продолжи да работи за доброто на Србија и нејзините граѓани.

„Благодарна сум на народните пратеници за изборот на претседател на Народното собрание на Република Србија. За мене оваа функција е голема чест, привилегија и обврска, како и досега, да продолжам да работам за благосостојбата, развојот и стабилност на Србија и на сите нејзини граѓани. Да живее Србија!“, напиша Брнабиќ на својот Инстаграм профил.

Ана Брнабиќ е родена во 1975 година во Белград. Магистрирала на Универзитетот во Хал во Велика Британија и повеќе од десет години работа со меѓународни организации, странски инвеститори, локални власти и јавниот сектор во Србија.

Во август 2016 година е избрана за министер за државна управа и локална самоуправа во Владата на Србија, а таа функција ја извршува до изборот на премиер.

Таа е членка на групата „Нови лидери за Европа“ на Светскиот економски форум и на Советодавниот одбор на организацијата „Ворлд Мајндс“, која ги собира најважните светски иноватори од сите области.

На седницата на Народното собрание на Република Србија, на 28 октомври 2020 година, по втор пат е избрана за премиер на Србија.

Мандатот во тоа свикување на Владата траеше до 26 октомври 2022 година, кога по трет пат беше избрана за премиер на Србија.

ИЗВОР:Tanjug
Повеќе
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Балкан Експо 2026 во Сараево собира повеќе од 100 компании од прехранбениот и земјоделскиот сектор
Макрон пристигна во Црна Гора, го пречека претседателот Милатовиќ
Парламентот на Словенија ја изгласа владата на Јанез Јанша
Германија и Франција предлагаат постепена интеграција во ЕУ на Западен Балкан и Молдавија
Кошта: ЕУ е најзаначајниот партнер на Србија, вратите на Унијата остануваат отворени
Советот на ЕУ ги одобри преговорите со Западен Балкан за укинување на роамингот
Мал авион се сруши во Хрватска, има неколку загинати
РСМ се искачи за осум места на StartupBlink Global Startup Ecosystem Index 2026 листа
Кошта во Приштина: ЕУ го поддржува Косово, но не можеме да ја работиме вашата работа
Црна Гора депортирала цел авион што долетал од Србија
Финансиска полиција: Приведени повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание
Сиљановска Давкова: Европа е наш природен природен дом, бараме еднаков третман
Сиљановска Давкова-Пелегрини: Сите земји кандидатки треба да имаат еднаков третман на патот кон ЕУ
Парламентарен надзор и регионална соработка во фокусот на конференцијата во Загреб