| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Шпанската полиција апси за корупција функционери на фудбалската федерација
Истражителите се фокусирани на договорите со кои Суперкупот на Шпанија е одлучено да се игра во Саудиска Арабијасо, а кои се потпишани од поранешниот претседател на федерацијата Луис Рубиалес, кој според медиумите избегал од Шпанија
Шпанската полиција апси за корупција функционери на фудбалската федерација
Полицијата наводно привела седум неименувани лица, а уште пет се под истрага / Photo: Reuters / Reuters

Шпанската полиција во средата изврши рација во седиштето на Шпанската фудбалска федерација истражувајќи корупција во во односите со Саудиска Арабија во последните пет години, објавија државната телевизија ТВЕ и новинската агенција ЕФЕ.

Полицијата наводно привела седум неименувани лица, а уште пет се под истрага.

Шпанската фудбалска федерација се уште не ја коментирала полициската истрага.

Истражителите се фокусирани на договорите со кои поранешниот претседател на федерацијата Луис Рубиалес се согласи Суперкупот на Шпанија да се игра во Саудиска Арабија. Во процесот на преселба на Суперкупот во Саудиска Арабија учествуваше и поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике.

Шпанскиот дневен весник „Ел Паис“ објави дека биле извршени претреси на 11 локации, вклучително и домот на Рубиалес во Гранада.

Рубиалес минатата година се најде на насловните страници на светските медиуми откако ја бакна во уста Џенифер Хермосо, капитенот на женската репрезентација на Шпанија која го освои Светското првенство. За тоа, како и за притисок врз неа да каже дека го сакала бакнежот, тој се соочува со судење за сексуален напад и принуда.

Зо овој нов случај Рубиалес треба да биде уапсен, но медиумите велат дека не е Шпанија и оти моментално се наоѓа во Доминиканската Република.

Неколку други се уапсени како дел од истрагата, вклучувајќи го и правниот советник на Рубиалес, Томас Гонзалес Куето, според шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Локалните медиуми јавуваат дека рациите и апсењата се поврзани со нерегуларни фудбалски договори, вклучувајќи го и преселувањето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија.

Властите открија и други нередовни плаќања кои би можеле да се сметаат за корупција.

RFEF е управно тело на фудбалот во Шпанија. Меѓу неговите одговорности, организира национални куп натпревари и раководи со машките и женските репрезентации на земјата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Рекордни температури ѝ се закануваат на Шпанија, додека топлотна купола ја зафаќа Европа
Уралоглу: 11 турски бродови безбедно го напуштија Персискиот Залив преку Ормускиот Теснец
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“