| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Лидерите на ЕУ го поддржуваат отворањето на преговорите со БиХ
Во пресрет на самитот во Брисел лидерите на Австрија, Германија, Шпанија, Луксембург, Холандија и Ирска го поддржаа отворањето на преговорите со Босна и Херцеговина пред состанокот на Европскиот совет
Лидерите на ЕУ го поддржуваат отворањето на преговорите со БиХ
Во нацрт-заклучоците на Европскиот совет, кои ги објави весникот „Политико“, се наведува дека ЕС повикува да се отворат преговори со БиХ / Photo: AA / AA

Лидерите на Австрија, Германија, Шпанија, Луксембург, Холандија и Ирска го поддржаа отворањето на преговорите со Босна и Херцеговина пред состанокот на Европскиот совет во Брисел.

Во пресрет на самитот во Брисел, германскиот канцелар Олаф Шолц изрази задоволство што Европската унија напредува во процесот на проширување, а следните чекори може да ѝ се понудат на Босна и Херцеговина.

„Тоа е добра порака дека напредуваме понатаму во процесот на проширување. Во секој случај, јас сум многу за тоа дека, по многуте напори што беа направени во Босна и Херцеговина, сега треба да го преземеме следните чекори за оваа земја, како што веќе им овозможивме на многу други“, рече Шолц.

Премиерот на Луксембург, Лук Фриден изјави дека го поддржува отворањето на преговорите со Босна и Херцеговина и дека тоа е многу важно.

„Одлуката за отворање на преговорите со Босна и Херцеговина е многу важна. Европа е континент на мир и стабилност и мораме да бидеме сигурни дека нема да изгубиме луѓе од Западен Балкан. Ја поддржувам одлуката на Европската комисија да ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина“, рече Фриден.

Тој нагласи дека Брисел не треба да се фокусира само на Украина, туку дека мора да погледне што се случува на Западен Балкан.

„Овие луѓе со години чекаат да се приклучат. Преговорите им даваат надеж. Тоа е елемент што ги поттикнува реформите во сите земји. На среден рок, сите земји од Западен Балкан припаѓаат на Европската унија“, рече премиерот.

Министерот на Луксембург и додаде дека тоа ќе биде долг процес, но овие луѓе „не смеат да бидат оставени сами и да се фокусираат само на Украина“.

Премиерот на Ирска Лео Вардакар рече дека верува оти Босна и Херцеговина треба да биде дел од ЕУ и оти се надева дека оваа земја успешно ќе го направи следниот чекор. Тој смета дека пристапот ќе биде тежок за Босна и Херцеговина поради домашните власти.

Холандскиот премиер Марк Руте пред средбата на лидерите на земјите-членки на ЕУ зборуваше за напредокот што го постигнала БиХ.

„Да, ќе го поддржиме предлогот на Комисијата за отворање преговори, но во исто време ќе ја поддржиме одлуката дека пред отворањето на поглавјето, Босна и Херцеговина мора прво да ги исполни сите барања на Европската комисија“, изјави Руте.

Тој посочи дека Босна и Херцеговина постигнала напредок, но дека земјата мора да направи многу повеќе за да добие преговарачка рамка.

Премиерот на Шпанија Педро Санчез изјави дека ставот на неговата земја е јасен и дека ја поддржува политиката на проширување.

„На Босна и Херцеговина и е потребна оваа поддршка, солидарност и емпатија за да може да напредува во реформите кои овозможуваат влез во Европската унија заедно со другите - Грузија, Украина и Молдавија, како и сите земји од Западен Балкан“, рече Санчез. наведувајќи дека ова е важно за Шпанија од геополитички аспект, но и од аспект на зајакнување на единствениот и заеднички европски проект.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер ги пофали напорите на Босна и Херцеговина и рече дека таа конечно се движи во вистинската насока.

Во нацрт-заклучоците на Европскиот совет, кои ги објави весникот „Политико“, се наведува дека Европскиот совет повикува да се отворат преговори со БиХ, но со напомена дека преговарачката рамка треба да се усвои дури откако ќе се спроведат сите релевантни чекори препорачани од Европската комисија.

Станува збор за 14 приоритети кои првично беа услов за отворање на преговорите.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД