| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Робињо во Бразил ќе ја издржува затворската казна за силувањето во Италија
Поранешниот фудбалер на Милан во Италија беше осуден на 9 години затвор, но Бразил вообичаено не ги екстрадира своите граѓани, па бразилскиот Врховен суд расправаше за случајот и одлучи дека италијанската пресуда е валидна во Бразил
Робињо во Бразил ќе ја издржува затворската казна за силувањето во Италија
Четириесетгодишниот Робињо живее во Бразил и секогаш ги негираше овие обвинувања / Photo: AA / AA
21 март 2024

Бразилските судии одлучија дека поранешниот фудбалер на Милан и репрезентативец на Бразил, Робсон де Соуза, попознат како Робињо, мора да ја отслужи својата деветгодишна затворска казна за силување во Италија во неговата татковина.

Судењето пред Врховниот суд на правдата на Бразил, највисокиот суд во земјата за неуставни прашања, заврши со мнозинска одлука дека италијанската одлука е валидна во Бразил.

Во 2017 година, судот во Милано ги прогласи Робињо и уште петмина Бразилци за виновни за групно силување на 22-годишна девојка откако ја почестиле со алкохол во дискотека. Инцидентот се случил во 2013 година додека Робињо играше за Милан.

Пресудата беше потврдена од Апелациониот суд во 2020 година и од Врховниот суд на Италија во 2022 година.

Четириесетгодишниот Робињо живее во Бразил и секогаш ги негираше овие обвинувања.

Бразил вообичаено не ги екстрадира своите граѓани, па Италија минатата година побара Робињо да ја отслужи затворската казна во својата татковина.

Робињо ќе остане на слобода до крајниот рок за евентуална жалба на пресудата.

Во текот на својата кариера, Робињо играше за врвни тимови, вклучувајќи ги Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Робињо за бразилската репрезентација одигра 100 натпревари на кои постигна 28 гола.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири