| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Гутереш: Меѓународната заедница да нема двојни стандарди во Украина и Газа
Гутереш смета дека единствениот начин да се постигне мултиполарен свет е преку лидерството на силна и обединета Европска унија, повикувајќи ја да има многу поактивна улога во однос на егзистенцијалните прашања кои му се закануваат на светот денес
Гутереш: Меѓународната заедница да нема двојни стандарди во Украина и Газа
Гутереш ја осуди хаотичната ситуација во светот, ситуацијата на неказнивост, во која секоја земја или вооружена група верува дека може да прави што сака / Photo: AA / AA

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во четвртокот ја повика меѓународната заедница да се придржува до принципот да нема двојни стандарди, без разлика дали во Украина или во Газа.

Антонио Гутереш, обраќајќи сѐ на медиумите пред седницата на Европскиот совет во Брисел, ја осуди „хаотичната“ ситуација во светот, „ситуацијата на неказнивост, во која секоја земја или вооружена група верува дека може да прави што сака, бидејќи нема одговорност“.

Тој ја истакна важноста од почитување на Повелбата на Обединетите нации, меѓународното право, територијалниот интегритет на земјите и меѓународното хуманитарно право.

Гутереш изрази жалење за невидениот број на цивилни жртви во Газа за време на неговиот мандат како генерален секретар и потсети дека „основниот принцип на меѓународното хуманитарно право е заштитата на цивилите“.

„Мораме да се држиме до принципите во Украина, како во Газа, без двојни стандарди, а во исто време мораме да го охрабриме светот постепено да се движи кон некоја уредна форма на мултиполарност со силни мултилатерални институции“, нагласи тој.

Гутереш смета дека единствениот начин да се постигне мултиполарен свет е преку лидерството на силна и обединета Европска унија.

Во овој контекст, генералниот секретар ја поздрави одличната соработка меѓу ОН и ЕУ, повикувајќи ја ЕУ да игра многу поактивна улога во однос на централните прашања, егзистенцијалните прашања кои му се закануваат на светот денес, како што се климатските промени, вештачките интелигенција и нееднаквоста.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека ЕУ ќе работи на својата позитивна улога во поддршката на светот заснован на принципи и правила.

„Соработката меѓу ЕУ и ОН е централна“, рече Мишел.

Во текот на дводневниот самит, лидерите на ЕУ ќе разговараат за поддршката за Украина, ситуацијата на Блискиот исток, прашањата за проширувањето, миграцијата и земјоделството, а ќе донесат одлука и за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Босна и Херцеговина.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Среде геноцидната војна на Израел, палестинските сестри градат надеж од урнатините на Газа
Под блокада на гориво: Колку долго кубанската влада може да преживее економски притисоци?
Израелската армија ги предупредува жителите на три либански градови да се евакуираат
Иран: Испалилени предупредувачки истрели кон американски разорувачи во Оманското Море
Русија и Украина разменија 185 воени заробеници со посредство на ОАЕ
Мерц во историска посета на Црна Гора на самитот во Тиват
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Германската крајнодесничарска AфД во Москва побара оживување на гасоводот Северен тек
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Врховниот лидер на Иран одобри помилување за над 2.000 осуденици
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Германскиот канцелар Мерц во Тиват: ЕУ мора да покаже политичка волја за проширување
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК