| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије бележи пораст од 23 отсто на бројот на туристи во февруари
Иранците го сочинуваат најголемиот дел од странските туристи во Туркије во месец февруари со 226.104 посетители, што е двојно повеќе во споредба пред една година.
Туркије бележи пораст од 23 отсто на бројот на туристи во февруари
Туркије бележи пораст од 23 отсто на бројот на туристи во февруари / Photo: AA / AA

Бројот на пристигнати странски туристи во Туркије во февруари скокна за 23 отсто во однос на минатата година и изнесува 2,3 милиони.

Истанбул, најголемиот град по популација во Туркије, забележа најголем број странски посетители минатиот месец, 1,3 милиони, покажаа податоците на турското Министерство за култура и туризам објавени денес.

Во северозападната област Едрене, која граничи со Бугарија и Грција, во февруари пристигнале 268.735 странски туристи. Следува познатиот туристички град Анталија на турската ривиера со 222.720 странски посетители.

Иранците го сочинуваат најголемиот дел од странските туристи во Туркије во месец февруари со 226.104 посетители, што е двојно повеќе во споредба пред една година.

Русите заземаат второ место со 203.073 туристи, што е пад од 11 отсто во однос на минатата година.

По нив следуваат Германците со 187.946 посетители и Бугарите со 182.887 посетители.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Туркије и Словенија ја потврдуваат посветеноста кон зајакнувањето на билатералните односи
Алиу: Со програмата „EУ за здравје“ добивме пристап до 4,4 милијарди евра од фондовите за здравство
Над 2 милиони луѓе се евакуираат откако два тајфуни ѝ се закануваат на Јапонија со обилни дождови
Смртните случаи од давење поврзани со топлотниот бран се искачија на 55 во Франција
Сè повеќе млади Турци посетуваат библиотеки- што го поттикнува овој пораст на интерес?
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје