| Macedonian
СВЕТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Тахар Бен Желун: Елиминација на сите Палестинци е опсесија на Нетанјаху
Добитникот на највисоката француска награда Гонкур, Тахар Бен Желун, рече дека Израелците не сакаат терминот „геноцид“ да се користи во друг контекст освен во контекстот на Евреите
Тахар Бен Желун: Елиминација на сите Палестинци е опсесија на Нетанјаху
Желун во писмо му порача на Нетанјаху дека „ја загубил војната и дека Палестина секогаш ќе биде таму дури и ако убие сè“ / Photo: AA / AA

Елиминацијата на сите Палестинци е „опсесија“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави наградуваниот француско-марокански писател Тахар Бен Желун во интервју за Анадолу, опишувајќи ги настаните во Газа како голема трагедија, јавува Анадолу.

Добитникот на највисоката француска награда Гонкур, Тахар Бен Желун, рече дека Израелците не сакаат терминот „геноцид“ да се користи во друг контекст освен во контекстот на Евреите.

„Нетанјаху и неговата армија планираат да ги елиминираат сите Палестинци“, нагласи писателот, додавајќи:

„Тоа е неговата опсесија; убијте што повеќе Палестинци и не оставајте ниту еден Палестинец на планетата...“

Сепак, Бен Желун тврди дека Израелците не сакаат терминот „геноцид“ да се користи во кој било контекст освен во контекстот на Евреите.

„Но, кога бомбардирате болница, училиште или село каде што има само заспани семејства и ги масакрирате сите, тоа е геноцид“, рече Бен Желун, додавајќи дека Израелците не се заинтересирани за мир, па затоа нема пат кој води кон дијалог и преговори.

Тој рече дека напишал книга за Палестина и Газа, објавена во Италија поради немањето соодветни услови во Франција.

„Го раскажав ужасот на 7 октомври, како и ужасот на израелската Армија“, вели писателот кој од една страна беше критикуван од неговите арапски пријатели за опишувањето на нападите на палестинската група Хамас, а од друга страна неговите пријатели Евреи го прекоруваа за антисемитизам.

Бен Желун, кој се опишува себеси како слободен интелектуалец кој го кажува своето мислење, пред еден месец напиша отворено писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кое беше објавено во некои дневни весници.

Во ова писмо тој му порача на Нетанјаху дека „ја загубил војната и дека Палестина секогаш ќе биде таму дури и ако убие сè“, „а палестинскиот народ секогаш ќе биде таму“.

Бен Желун е роден во Мароко во 1944 година и се преселил во Франција во 1971 година за да ги продолжил студиите по социологија и социјална психијатрија.

Во 1987 година, тој станал првиот марокански писател кој ја доби највисоката француска книжевна награда Гонкур за неговиот роман „Света ноќ“.

Израел води смртоносна воена офанзива против Појасот Газа од прекуграничниот напад на 7 октомври предводен од Хамас.

Речиси 32.000 Палестинци, главно жени и деца, оттогаш се убиени во Газа, а речиси 74.200 се повредени во услови на масовно уништување и недостиг на неопходни работи.

Според Обединетите нации, војната принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а поголем дел од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Самитот на лидерите на Г7 започна во Франција, светските лидери дискутираат за глобални прашања
Техеран: Крајот на војната во Либан е предуслов за завршување на војната со Иран
Аеродромот во Анкара е отворен во турскиот главен град пред самитот на НАТО
Израелскиот радикален десничар и министер Бен Гвир не отпатува во САД поради проблеми со визата
Иран ќе формира одбор за тргување со рубља, додека шефот на централната банка ја посетува Москва
Калас: ЕУ ја нагласува важноста Либан да биде опфатен со мировниот договор САД-Иран
Венс: Нуклеарните инспектори ќе влезат во Иран по финалниот договор
Остатоци од дрон предизвикаа пожар во руско нафтено складиште
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Почнува Самитот на Г7 со фокус на Блискиот Исток, Украина и ВИ
Израелски политичари: Договорот САД-Иран е стратешки неуспех за Израел