| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Во Ал Акса 120.000 Палестинци ја извршија петочната молитва
Десетици илјади Палестинци од раните утрински часови ги поминаа воените контролни пунктови меѓу Западниот Брег и Источен Ерусалим и се упатија кон Ал Акса, па по неколкучасовно патување пеш стигнаа до џамијата и таму ја извршија петочната молитва
Во Ал Акса 120.000 Палестинци ја извршија петочната молитва
За муслиманите, Ал Акса е третото најважно светилиште, а Евреите тврдат дека порано на тоа место имало два еврејски храма / Photo: AA / AA

Денес околу 120.000 Палестинци ја извршија втората петочна молитва (џума намаз) во овогодинешниот месец на постот Рамазан, во џамијата Ал Акса, сместена во окупираниот Источен Ерусалим (Ал-Кудс) и покрај израелските ограничувања.

Десетици илјади Палестинци од раните утрински часови ги поминаа воените контролни пунктови меѓу Западниот Брег и Ал Кудс и се упатија кон Ал Акса. По неколкучасовно патување, Палестинците пеш стигнаа до Ал Акса и таму ја извршија петочната молитва.

Администрацијата на исламските вакафи во Ал-Кудс соопшти дека 120.000 Палестинци ја извршиле петочната молитва.

Израелската полиција од утринава е стационирана во близина на Ал Акса, каде со железни бариери ги затвори патиштата околу Стариот град.

Израелската полиција, која го проверуваше идентитетот на Палестинците кои сакаа да одат во Ал Акса за петочната молитва, на многумина не дозволи да влезат во ова свето место.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека израелските сили не им дозволиле на медицинските тимови да влезат во џамијата Ал Акса.

Израел го ограничи пристапот на палестинските верници до џамијата Ал Акса по зголемените тензии низ окупираниот Западен Брег поради нападите на израелската Армија врз Појасот Газа, во кои досега се убиени речиси 32.000 Палестинци.

За муслиманите, Ал Акса е третото најважно светилиште, а Евреите тврдат дека порано на тоа место имало два еврејски храма.

Комплексот Ал Акса, кој зафаќа 15 отсто од областа на старото јадро на Ал-Кудс (Ерусалим), е под израелска окупација, а претставува точка на соединување на трите најголеми религии во светот.

Израел го окупираше источниот дел на Ал-Кудс, каде што се наоѓа Ал Акса, за време на арапско-израелската војна во 1967 година. По окупацијата, го анектираше целиот град во 1980 година, а меѓународната заедница никогаш не ја призна оваа акција.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Техеран го обвинува Вашингтон за продолжување на конфликтот на Блискиот Исток
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Шест лица повредени во напад на Пен станицата во Њујорк пред финалето на НБА
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Анкета: Израел и Нетанјаху се соочуваат со неповолно глобално јавно мислење
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман
Претставничкиот дом на САД го усвои предлог-законот за помош на Украина и санкции за Русија
Путин: Русија го контролира Луганск, над 85 % од Доњецк и над 80 % од Запорожје
Израелското и плестинското граѓанско општество во Париз за поддршка на решението за две држави
Српски војник, дел од мировните сили во Либан, загина во експлозија на проектил
Американски војник загина при инцидент на обука во Ирак
Арагчи: Нападите ќе продолжат врз локации „кои се користат“ во нападите врз Иран
Лекорну: Израел мора да ја прекине „нелегалната окупација“ на либанската територија
Германија гледа „прозорец за разговори“ со Русија за завршување на војната во Украина
Трамп: Да не бев јас, сега немаше да постои Израел
НАТО ќе започне намалени вежби во Балтичкото Море во услови на конкурентски воени распоредувања