| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Џафери го посети ИБУ: Современите методи клучни за високо квалитетни кадри
На средбата со раководството на Меѓународниот балкански универзитет, научниот и стручниот кадар, премиерот Џафери, беше информиран за функционирањето и тековните активности што се реализираат во оваа високообразовна установа.
Џафери го посети ИБУ: Современите методи клучни за високо квалитетни кадри
Џафери го посети ИБУ: Современите методи клучни за високо квалитетни кадри / Others

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го посети Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

На средбата со раководството на Универзитетот, научниот и стручниот кадар, премиерот Џафери, беше информиран за функционирањето и тековните активности што се реализираат во оваа високообразовна установа. Универзитетот е составен од 7 факултети, покрива вкупно 65 области во додипломски, постдипломски и докторски студии.

Претседателот на Владата, Џафери изрази задоволство од опстојувањето и функционирањето на Универзитетот истакнувајќи дека, вакви напредно високообразовни институции се од голема важност за исклучителните достигнувања на студентите во понатамошниот нивен професионален развој.

За време на средбата, разговараа и за предизвиците во високото образование во земјата, неопходните реформи и системски решенија, кои треба да се спроведат во образованието, како едни од основните предуслови за продуцирање квалитетен кадар, при што, премиерот посочи дека Владата, секогаш имала и ќе има слух за потребите на образовните установи во кои се гради иднината на земјата.

Претседателот на Владата, Џафери, изврши обиколка на кампусот и го посети Факултетот за дентална медицина, акушерство и медицински сестри, каде годинава е направена најголемата инвестиција за дентална медицина од страна на Универзитетот.

Во рамки на Факултетот е основана и ПЗУ „ИБУ ДЕНТ“ и премиерот Џафери, беше информиран за условите и медицинските услуги коишто се овозможени овде.

Од голема важност е современата опрема со која е опремена ординацијата како и експертизата која ја нуди оваа установа во состав на Факултетот, со што на студентите им се овозможува пракса во реални услови.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години