| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Научници успешно отстранија вирус на ХИВ/СИДА од заразени клетки
Научници од Универзитетот во Амстердам со помош на техниката на генетски инженеринг ЦРИСПР успеале на молекуларно ниво да ги исечат „лошите“ делови од ДНК, односно да го отстранат вирусот од крвта
Научници успешно отстранија вирус на ХИВ/СИДА од заразени клетки
Постоечките лекови против ХИВ можат да го запрат вирусот, но не и да го елиминираат од крвта / Photo: Getty Images / Getty Images

Тим научници од Универзитетот во Амстердам ги претставија раните наоди за успешно отстранување на вирусот ХИВ/СИДА од инфицираните клетки со помош на техниката на генетски инженеринг ЦРИСПР.

Со оваа техника на молекуларно ниво се „отсекуваат“ или деактивираат лошите и непожелни делови од ДНК, а научниците се стремат еден ден целосно да го исчистат телото од ХИВ, иако напоменуваат дека ова откритие е само „доказ за концепт“ и дека нема да стане лек за ХИВ долго време, пренесува Би-би-си Њуз.

Постоечките лекови против ХИВ можат да го запрат вирусот, но не и да го елиминираат од крвта.

Други научници исто така се обидуваат да го користат ЦРИСПР против ХИВ. Excision BioTherapeutics тврди дека 48-неделното испитување на тројца доброволци со ХИВ/СИДА не покажува потешки несакани ефекти.

„Ќе биде потребна многу повеќе работа за да се покажат резултатите од овие тестови на целото тело, за идните терапии“, рече Џејмс Диксон, вонреден професор по технологија на матични клетки и генска терапија на Универзитетот во Нотингем.

ХИВ/СИДА ги инфицира и напаѓа клетките на имунолошкиот систем, користејќи сопствена машинерија за да направи копии од себе. Дури и со ефективен третман, некои клетки влегуваат во мирна или латентна состојба, но сепак содржат ХИВ ДНК или генетски материјал без активно да произведуваат нов вирус.

На повеќето луѓе заразени со ХИВ им е потребна доживотна антиретровирусна терапија, а доколку престанат да ги земаат лековите, заспаниот вирус може повторно да се разбуди и да предизвика проблеми.

Креаторите на технологијата ЦРИСПР ја добија Нобеловата награда за хемија во 2020 година, а Нобеловата фондација рече дека таа „има револуционерно влијание врз науката за животот, придонесува за нови терапии за рак и може да го оствари сонот за лекување на наследни болести“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Национална работилница: Од пулпа до хартија
Дуран го истакна културното наследство за време на Неделата на турската кујна
ТРТ Ворлд Дигитал доби пет престижни награди Тели за извонредност во визуелното раскажување приказни
Туркије ги повика светските филмаџии на Кан да снимаат во земјата
100 години Природонаучен музеј во Скопје: Истрајност, наука и природно наследство
Мачкина глава ќе го отвори, Црно злато ќе
го затвори јубилејниот 60. МТФ „Војдан
Чернодрински“
Познатиот актер Џон Малкович доби хрватско државјанство
Саем на книгата во Скопје: Над 60 издавачи и повеќе од 130 промоции
Охрид на мапата на Европските културни рути на Советот на Европа
Од љубов до спој на две култури: Од Јордан до Скопје
Три копродукции на ТРТ се натпреваруваат за Златната палма во Кан
Неколку факти за Ромите и нивниот Меѓународен ден - 8 Април
Под слоганот „Важна е културата”, Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
Потпишан протокол за соработка меѓу Министерството за култура и туризам на РСМ и ТУРКСОЈ
Заживување на заборавеното: Ткаење на разбој
Во Лос Анџелес, со присуство на најголемите имиња од Холивуд, се одржа доделувањето на Оскарите
ТМВ го одбележа Денот на прифаќањето на турската национална химна
Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили
Македонската гајда и турскиот тулум ќе се претстават во Истанбул
Министерство за култура и туризам: Премиерата на филмот „Диџеј Ахмет“ во Брисел ја одушеви публиката